Финишот кобен за хокеарите, пораз и од Израел

ЕКИПА во Софија,
Симеончо Стоиков

Нашата репрезентација во инлајн хокеј, по вчерашниот пораз од Бугарија, денеска забележа нов, овој пат од репрезентацијатa на Израел со 14-6 (5-3, 2-1, 1-2, 6-0). Со овој пораз, нашата репрезентација и дефинитивно се збогува со шансите за пласман на Светското првенство во Тампере.

Резултатот на прв поглед делува застрашувачки, но вистинската слика на теренот не изгледаше така. Македонија го отвори резултатот на натпреварот, но за само пет минути, прими исто толку гола, за пресврат од 5-1. Нашите момци во текот на првата четвртина потоа се соземаа постигнувајќи уште два погодоци за намалување на предноста (5-3).

На самиот старт на втората четвртина, уште во првата минута постигнавме гол за намалување на негативата на само еден гол (5-4). Во текот на целиот период доминиравме но во последните две минути, најпрво Израел постигна сомнителен гол, по прекршок на нашиот голман, а само неколку секунди потоа преку контра зголемија на (7-4).10510192_683512151683818_2115473800_n

На стартот од второто полувреме, во третата четвртина се играше доста анемично, но во последните минути падна три погодоци, еден во нашата мрежа и два во противничката, за намалување на предноста (8-6). Но во последната четвртина, голем пад во играта на нашата репрезентација на кондициски план, пет, од шесте погодоци кои ги даде Израел во последниот дел, паднаа во последните четири минути од натпреварот.

Стрелци на погодоците за нашата репрезентација, на денешниот натпревар беа, во три наврати Јуре Внук, додека по еднаш во листата на стрелци се запишаа, Давор Анастасов, Борјан Пендаров и Димитриј Прокудин. Следниот и последен натпревар во овие квалификации, нашата репрезентација го игра утре, со почеток од 10 часот по македонско време, против Србија.


Google translate:

The finish is fatal for the hockey players, also defeated by Israel


Our national hockey team, after yesterday's defeat by Bulgaria, saw a new one today, this time against Israel 14-6 (5-3, 2-1, 1-2, 6-0). With this defeat, our national team will definitely bid farewell to the chances of winning the Tampere World Cup.

The result looks daunting at first glance, but the real picture on the ground did not look like that. Macedonia opened the scoring of the match, but in just five minutes, they received just as many goals in a 5-1 draw. Our guys in the first quarter then recovered, scoring two more goals to reduce the advantage (5-3).

At the very start of the second quarter, in the first minute we scored a goal to reduce the negative to just one goal (5-4). During the whole period we dominated but in the last two minutes, Israel scored a questionable goal first, on offense by our goalkeeper, and only a few seconds later the counter increased to (7-4).

At the start of the second half, in the third quarter was played quite anemic, but in the last minutes three goals fell, one in our net and two in the opponent, to reduce the advantage (8-6). But in the final quarter, a big drop in the fitness of our national team, five of the six goals Israel gave in the final half fell in the final four minutes of the match.

Scorers of our national team's goals at today's match were Jure Vnuk three times, while Davor Anastasov, Borjan Pendarov and Dimitrij Procudin were once in the scorers list. The next and last match of these qualifiers, our team will play tomorrow, at 10 o'clock Macedonian time, against Serbia.

Kommentar veröffentlichen

0 Kommentare