Македонскиот преставник во Балканската хокеарска лига, Металург на најубав можен начин, со победа над грчкиот Ол Стар со 10-1 ( 3-0,3-1, 4-0) го заокружи успешниот викенд во БАХЛ, на дуелот кој остана одбележан и од крвавата тепачка на три минути пред крајот предизвикана од исфрустрираните Грци.
Нашиот клуб, по претходните победи против Ајс Девил и лидерот Динамо Софија, успеа да му се реваншира и на грчкиот претставник во ова натпреварување за двата минимални порази сезонава.
Металург како и во претходните два натпревари, викендов, убедливо, со висок резултат му нанесе прв пораз во меѓусебните дуели на Ол Стар. Погодоците на денешниот натпревар во нашиот клуб ги постигнаа: Урош Алексиќ (2:17 и 57.30 мин.), Урош Павловиќ (21:46 и 28:15 мин. ), Урош Бановиќ (51:20 мин.), Владимир Литовац (3:47 мин.), Немања Николиќ (15:50, 45:08 мин.) и Стефан Децковски (34:30 и 41:00 минута).
Сепак, она што го одбележа дуелот е жестоката, општа тепачка на мразот буквално меѓу сите играчи од двата клуба. Масовната тепачка која траеше безмалку две минути, на крајот резултираше со повреди кај двајца хокеари на Ол Стар кој мразот го напуштија облеани во крв. Двајца грчки хокеари, според информациите, со скршен нос го завршиле натпреварот.
„На три минути пред крајот, при контра на Металург, противничкиот играч Маша неспортски стартуваше врза наш играч, односно непрописно му ја задржа палката. Истиот играч, Маша место спортски да се извини, за неспортскиот потег, тргна со тупаници кон нашиот играч по што настана масовна тепачка, влегоа и играчите од клупите. Во текот на целиот натпревар, како на мразот така и на клупата за резерви од страна на Ол Стар беше тензично и со неспортски потези, нервоза која резултираше со тепачка, токму на крајот од мечот кога победникот веќе се знаеше. Што се однесува до самиот натпревар, како и претходните два, викендов, можам да истакнам едно големо задоволство, што конечно по напорната работа стигна она што мислам дека веќе од поодамна го заслуживме” - изјави за ЕКИПА, претседателот на Металург, Дарко Пешевски.
На Металург, до крајот на сезоната во БАХЛ, му преостануваат уште два натпревари против тимот на Ред Стар, натпревари што би требало да бидат одиграни во Скопје.
Greeks beaten by HC Metalurg, Caused Bloody Ice Brawl
The Macedonian representative in the Balkan Hockey League, Metalurg in the most beautiful way possible, with a victory over the Greek All Star 10-1 (3-0,3-1, 4-0) ended the successful weekend in BAHL, in a duel that was marked by the bloody fight three minutes before the end caused by frustrated Greeks.
Our club, after previous victories against ISIS Devil and leader Dinamo Sofia, managed to revenge the Greek representative in this competition for two minimal defeats this season.
Metalurg, as in the previous two matches, this weekend, convincingly, with a high result inflicted a first defeat in the duels of All Star. The goals of today's match in our club were achieved by: Uros Aleksic (2:17 and 57.30 min), Uros Pavlovic (21:46 and 28:15 min), Uros Banovic (51:20 min), Vladimir Litovac (3 min). : 47 min), Nemanja Nikolic (15:50, 45:08 min) and Stefan Deckovski (34:30 and 41:00 min).
However, what marked the duel is the fierce, general ice fight between virtually all players from both clubs. The massive brawl, which lasted for almost two minutes, ultimately resulted in injuries to two All Star hockey players who were left frozen in blood. Two Greek hockey players reportedly finished the match with a broken nose.
"Three minutes before the end, against Metalurg, the opposing player Masha uncharacteristically started to tie our player, ie he kept his bat illegally. The same player, Masha instead of apologizing for the move, started punching our player after a massive fight, and the players from the benches entered. Throughout the whole match, both on the ice and on the bench, All Star was in tense and uninspired moves, a nerve-wracking affair that resulted in a fight right at the end of the match when the winner was already known. As for the competition itself, as well as the previous two, this weekend, I can say with great pleasure that finally, after hard work, I have achieved what I think we have long deserved, ”Metalurg President Darko Pesevski told EKIPA.
Metalurg have two more games against the Red Star team until the end of the season at BAHL, matches to be played in Skopje.
0 Kommentare