Македонската ин лајн хокеарска репрезентација по четврти пат ќе игра во европски квалификациски турнир за пласман на светскиот шампионат кој што ќе се одржи во Тампере (Финска) 2015. година.
Оваа година наши противници ќе бидат селекциите на Бугарија, Израел и Србија. Тие ќе се соочат на 4. јули 2014 год. во “Зимската Палата“ во Софија (Бугарија). Победникот од овие квалификации ќе се најде на 2014 Inline Хокеј Светското првенство B-tier каде што ќе партиципираат 16. национални селекции.
Предводникот на нашата репрезентација Стефан Децковски за Спорт Експрес изјави
– Очекувањата на целата репрезентација од овие евроквалификации се големи како и секоја година, зошто секој од нас би сакал да настапува на вакво големо натпреварување. Конкретните очекувања неможат да се дефинираат зошто според последните најави се очекува репрезентацијата да биде засилена со хокејари од странство со македонско потекло. Затоа крајната цел и резултатите со кои ќе се вратиме од Софија зависи од комплетниот состав.
(Стефан Децковски од десно)
Хокејот на лед и хокејот на ролерки (ин лајн) не се многу разликуваат затоа инлајн хокејот е замена за хокејот на лед во потоплите периоди или предели каде што е тешко да се достигне квалитетен лед. Во инлајн хокејот се игра 4 играчи во поле плус голман додека во хокејот на лед се игра 5 плус 1. Предноста на хокејот на лед е што тој е многу побрз, подинамичен и има доста повеќе контакт што го прави хокејот вистински машки спорт додаде Децковски.
Според информации на Спорт Експрес доколку хокејарската репрезентација ги добие потребните засилувања заедно со домашните играчи претставува сериозен кандидат за првото место и пласман на светското првенство во Финска.
Распоред на натпреварите на инлајн хокејарската репрезентација.
4. јули 2014 год.
18:00 ч. Израел-Србија
20:00 ч. Бугарија-Македонија
5. јули 2014 год.
18:00 ч. Израел-Македонија
20:00 ч. Србија-Бугарија
6. јули 2014 год.д
11:00 ч. Македонија-Србија
13:00 ч. Бугарија-Израел
0 Kommentare