Галабов: Бугарија е минато, против Израел на победа

ЕКИПА во Софија,
Симеончо Стоиков

Македонската инлајн хокеј репрезентација, по вчерашниот пораз од Бугарија, на стартот од квалификациите, денеска се наоѓа пред нов предизвик. Противник е репрезентацијата на Израел, која што вчера славеше на отворањето, против Србија.

„Против Бугарија одигравме одлично, јас сум задоволен од прикажаното од оваа репрезентација која настапи без контролни натпревари, и со само два заеднички тренинзи. Што е – тоа е, денеска одиме на победа против Израел, репрезентација која нималку не е наивна, тие овде допатуваа со руски играчи. Ќе одиграме најдобро што можеме, играчите чувствуваат мал замор, но мислам дека тоа нема да претставува проблем“ - вели селекторот Пламен Галабов.

Вториот натпревар од квалификациите за пласман на Светското првенство во Тампере, македонската инлајн хокеј репрезентација го игра против Израел, со почеток од 16 часот, по македонско време.


Galabov: Bulgaria is past, against Israel for victory


Macedonia's inline hockey team is facing a new challenge today after yesterday's defeat to Bulgaria at the start of qualifying. Opposite is the national team of Israel, which celebrated yesterday at the opening, against Serbia.

"We have played great against Bulgaria, I am pleased with the performance of this national team that played without control matches, and with only two joint trainings. What is it - that is, today we are going to win against Israel, a team that is not naive, they traveled here with Russian players. We will play our best, the players feel a little tired, but I think that will not be a problem, "said coach Plamen Galabov.

The second qualifying match of the World Championship qualifier is played by the Macedonian Inline Hockey Team against Israel at 4pm Macedonian time.

Kommentar veröffentlichen

0 Kommentare