Хокеарите загубија од Бугарија

ЕКИПА во Софија,
Симеончо Стоиков

Македонската репрезентација во инлајн-хокеј со пораз ги стартуваше квалификациите за следното Светско првенство откако во вечерашниот дуел во Софија загуби од домаќинот Бугарија со 6-3. Иако напредокот во играта на нашиот национален тим во споредба со претходните натпревари беше очигледен, „црвено-жолтите“ сепак немаа сили да го изненадат источниот сосед, кој важеше за голем фаворит во овој меч.

Натпреварот беше решен во првите две четвртини, што противникот ги доби со 3-0 (2-0, 1-0). Третиот и четвртиот период од мечот минаа во доминација на македонските хокеари, кои три пати ја затресоа противничка мрежа, а воедно имаа и уште неколку удари што завршија во дирекот од голот на Бугарија. Стрелци на головите за Македонија на овој натпревар беа Давор Атанасовкси, Кристијан Ташевски и Димитри Прокудин.

Македонските хокеари се надеваат на нова добра партија и прва победа во овие квалификации во второто коло, во кое утре ќе ги одмерат силите со Израел.

Macedonias hockey team lost vs Bulgaria


The Macedonian national team in the inline-hockey defeat started qualifying for the next World Cup after losing to host Bulgaria 6-3 in tonight's match in Sofia. Although the progress of our national team in comparison to previous matches was obvious, the "red-yellow" still did not have the strength to surprise the eastern neighbor, who was considered a big favorite in this match.

The match was settled in the first two quarters, which the opponent won 3-0 (2-0, 1-0). The third and fourth periods of the match were dominated by the Macedonian hockey players, who shook the opposing net three times and also had a few more strikes that ended in Bulgaria's goal. Macedonia's goalscorers in this match were Davor Atanasovksi, Christian Tasevski and Dimitri Procudin.

Macedonian hockey players hope for a new good party and a first victory in these qualifiers in the second round, in which they will face off against Israel tomorrow.

Kommentar veröffentlichen

0 Kommentare