Симеончо Стоиков
Македонскaтa инлајн хокеј репрезентација во релаксирана атмосфера го очекува првиот натпревар од квалификациите против селекцијата на Бугарија. Нашите репрезентативци предводени од селекторот Пламен Галабов се решени да се прикажат во добро светло на мечот што се игра вечерва во 20 часот по македонско време.
„Сите репрезентативци во пресрет на натпреварот се чуствуваат подготвено и максимално мотивирано, без оглед на квалитетот на нашиот противник Бугарија. Одработивме два официјални тренинзи, се запознавме со условите за игра во салата Зимски дворец, како што напоменав нашите репрезентативци се спремни за отварање на квалификациите и да се изборат за првата победа за Македонија”- изјави за ЕКИПА, спортскиот директор Зоранчо Гриовски.
0 Kommentare