Убелдив пораз на хокеарите од Србија

Македонската инлајн-хокеј репрезентација го претрпе и третиот пораз во квалификациите за СП, овојпат и најубедливо, со 4-16 од селекцијата на Србија. Заморот очигледно го стори своето кај нашите хокеари, кои не беа во можност да го дадат максимумот, претрпувајќи преубедлив пораз од 12 гола разлика.


Интересно е што Македонија прва дојде во водство по само девет секунди игра преку Прокудин, но честите исклучувања (дури пет од по 90 секунди) им овозможија на Србите да го свртат резултатот во своја полза и да ја добијат првата четвртина со 4-2. Вториот период заврши со позитива на противникот од 3-1, додека Србија целосно доминираше во третата и во четвртата четвртина, добивајќи ги со убедливи 1-9.

Погодоците за Македонија на овој натпревар ги постигнаа Јуре Внук (два), Прокудин и Децковски.


Google translate:

A convincing defeat for our hockey players versus Serbia


The Macedonian inline-hockey team suffered its third defeat in the World Cup qualifiers, this time and most convincingly, with 4-16 from Serbia's selection. Fatigue obviously did its thing for our hockey players, who were unable to make the most of it, suffering a convincing defeat of 12 goals.

Interestingly, Macedonia came first with only nine seconds to play through Procudin, but frequent shutouts (even five from 90 seconds each) allowed the Serbs to turn the score around and win the first quarter 4-2. The second period ended with a positive of 3-1, while Serbia dominated the third and fourth quarters, winning 1-9.

The matches for Macedonia in this match were scored by Jure Vnuk (two), Procudin and Deckovski.

Kommentar veröffentlichen

0 Kommentare