Металург в година планира настап во српската лига

Сезоната е завршена, но активностите продолжуваат, па директорот на Металург, Атанасовски, идната недела ќе присуствува на семинар во Нови Сад, на кој ќе бидат и судијата Тануровски и шест млади хокеари од Македонија (до 16 г.)




   
Металург во БАХЛ забележаа три победи
ХОКЕЈ НА МРАЗ
Она по што ќе се памети хокеарската сезона во Македонија, прва по повеќе од две децении, е настапот на Металург во Балканската лига (БАХЛ) во конкуренција на екипи од Бугарија и од Грција. Металурзите, кои во оваа конкуренција забележаа три победи, едно реми и девет порази, и го освоија петтото место, за идната сезона планираат настап во српската лига.

- Играњето во оваа конкуренција беше големо, неповторливо искуство за сите нас во секој поглед, на играчки и на организациски план, што ќе ни биде од голема корист во иднина. Во новата сезона планираме настап во српската лига, која е поквалитетна и поорганизирана од БАХЛ. Во неа ќе учествуваат од шест до осум екипи од Србија, една унгарска, од Сегедин, и Металург од Македонија - вели Томислав Атанасовски, директорот на Металург.

Тој идната недела ќе присуствува на семинар во Нови Сад што го организира Балканската хокеарска унија, заедно со судијата Љупчо Тануровски и со шест млади хокеари од Македонија (до 16 години).

Хокеарската сезона во Македонија е завршена, поради топлото време и технички проблеми. Поради тоа нема да се одржи првиот Куп на Македонија, кој беше закажан за викендов, а на кој требаше да настапат двата скопски клуба, Металург и Вардар. Како гости беа поканети српски Спартак од Суботица, бугарски Ред стар од Софија, грчки Ираклис од Солун и турски Истанбул. Нема да се играат и преостанатите два турнира за првиот шампионат на Македонија.


Metalurg plans to play in the Serbian League next year


The season is over but activities continue, so Metalurg's director Atanasovski will attend a seminar in Novi Sad next week, featuring Judge Tanurovski and six young hockey players from Macedonia (up to 16 years old).

Metalurg have three wins in BAHL

What will be remembered for the hockey season in Macedonia, the first in more than two decades, is the performance of Metalurg in the Balkan League (BAHL) in competition of teams from Bulgaria and Greece. The Metallurgists, who scored three victories, one draw and nine defeats in the competition and took fifth place, are planning to play in the Serbian League for next season.

- Playing in this competition was a great, unparalleled experience for all of us in every aspect, both in the field of toys and organization, which will be of great benefit to us in the future. In the new season we plan to play in the Serbian league, which is better quality and more organized by BAHL. It will be attended by six to eight teams from Serbia, one Hungarian, from Szegedin and Metalurg from Macedonia - says Tomislav Atanasovski, the director of Metalurg.

He will attend a seminar in Novi Sad next week organized by the Balkan Hockey Union, along with judge Ljupco Tanurovski and six young hockey players from Macedonia (up to 16 years).

The hockey season in Macedonia is over due to hot weather and technical problems. That is why the first Macedonian Cup, scheduled for the weekend, will not be held, with two Skopje clubs, HC Metalurg and Vardar. Serbian Spartacus from Subotica, Bulgarian Red Star from Sofia, Greek Iraklis from Thessaloniki and Turkish Istanbul were invited. The remaining two tournaments for the first Macedonian Championship will not be played.

Kommentar veröffentlichen

0 Kommentare