Вечерва на лизгалиштето во А1 Арена при СЦ „Борис Трајковски“ започна седмото издание на традиционалниот турнир во хокеј на мраз „Скопје Ајс Фестивал“. На првиот натпреварувачки ден тимот Македонија јуниори - селекција составена од младински играчи загуби од Тим Интернешнл со 4-9.
Екипата на Торпедо од Букурешт, која веќе трета година по ред гостува на Скопје Ајс Фестивал го совлада Вардар со 7-3.
Утре тимовите на Македонија и Букурешт ќе го започнат овој натпреварувачки ден (8:30) и веднаш потоа тимовите на Вардар со Интернешнл ќе ги одмерат силите (10:30).
Третото коло ќе се игра исто така в сабота, од 15:30 часот со натпреварот Букурешт против Тим Интернешнл и во 17:30 часот со дуелот меѓу домаќините Македонија и Вардар ќе се финишира пласманот за финалните натпревари кои ќе се одржат ден подоцна, в недела на 16 декември.

0 Kommentare