Од петокот па се до неделата на лизгалиштето при СЦ „Борис Трајковски“ ќе се одржи седмото издание на традиционалниот турнир во хокеј на мраз „Скопје Ајс Фестивал“.
Хокеарите на ХК Вардар-Скопје нема да се единствени македонски претставници, на турнирот за прв пат ќе земе учество тимот „Македонија јуниори“ - селекција составена од младински играчи.
На лизгалиштето при СЦ „Борис Трајковски“ учество ќе земат уште и екипите на Торпедо Букурешт (Романија) и меѓународниот тим, „Тим Интернешнл“. Во неговиот состав ќе се најдат играчи од цела Европа како и од Северна Америка кои се љубители на хокејот и воедно сакат да го посетат нашиот главен град. Играчите беа повикани преку јавен повик, и така за прв пат на турнирот ќе учествува екипа која е создадена од играчи од различни држави и континенти, додека екипата на Торпедо од Букурешт веќе трета година по ред гостува на Скопје Ајс Фестивал.
Традиционалниот турнир се отвора на ден 13ти декември 2019 година (петок) со почеток од 18:30 часот, а ќе го отворат екипите на Македонија Јуниори и Интернешнл, по што во 20:30 часот, силите ќе ги одмерат тимовите на Вардар и Торпедо.
Во сабота, 14ти декември, тимовите на Македонија и Букурешт ќе го започнат овој натпреварувачки ден (8:30 ч.), и веднаш потоа тимовите на Вардар со Интернешнл ќе ги одмерат силите (10:30 ч.). Третото коло ќе се игра исто така в сабота, од 15:30 ч. со натпреварот Букурешт против Интернешнл, и во 17:30 часот со дуелот меѓу домаќините Македонија и Вардар ќе се финишира пласманот за финалните натпревари кои ќе се одржат ден подоцна в недела, 16ти декември. Со натпреварите за трето место во 8:30 ч. и финалниот натпревар во 10:30 ч. се затвора седмото издание на Скопје Ајс Фестивал.
Екипи:
- ACS Torpedo Bucharest (Romania)
- Team International (hockey players from all over the world)
- Macedonia Juniors
- HK Vardar Skopje
Распоред:
Петок
18:30 International vs Macedonia
20:30 Skopje vs Bucharest
Сабота
8:30 Macedonia vs Bucharest
10:30 Skopje vs International
15:30 Bucharest vs International
17:30 Macedonia vs Skopje
Недела
8:30 Bronze Game
10:30 Final Game
Историја:
(ред. бр. според завршен пласман)
I. Skopje Ice Fest 2013
1. Team CCCP (Russia)
2. Bayern Rangers US Army Ice Hockey Team (USA/Germany)
3. Belkam Oil Stars (Russia)
4. Vardar Skopje
II. Skopje Ice Fest 2014
1. Metalurg Skopje
2. Spartak Subotica (Serbia)
3. Red Star Sofia (Bulgaria)
4. Iraklis Thessaloniki (Greece)
III. Skopje Ice Fest 2015
1. Slavija Ljubljana (Slovenia)
2. HK Bled (Slovenia)
3. Metalurg Skopje
4. Spartak Subotica (Serbia)
5. Slavia Sofia (Bulgaria)
6. Vukovi Sarajevo (Bosnia&Herzegowina)
7. Blejski Vitezi Bled (Slovenia)
8. Iraklis Thessaloniki (Greece)
9. Red Star Sofia (Bulgaria)
IV. Skopje Ice Fest 2016
1. Metalurg Skopje
2. Slavija Ljubljana (Slovenia)
3. Slavia Sofia (Bulgaria)
4. Spartak Subotica (Serbia)
V. Skopje Ice Fest 2017
1. Rainman All-Stars (Germany/Finland)
2. Metalurg Skopje
3. ASC Torpedo Bucharest (Romania)
VI. Skopje Ice Fest 2018
1. Spartak Subotica (Serbia)
2. Slavija Sofia (Bulgaria)
3. Metalurg Skopje
4. ASC Torpedo Bucharest (Romania)
ОФИЦИЈАЛЕН ФЕЈСБУК ПРОФИЛ НА СКОПЈЕ АЈС ФЕСТИВАЛ
English translation you can find HERE
0 Kommentare