Хокеарите на Металург се наоѓаат пред нов голем успех. Го извојуваа третиот натпревар од финалната серија во Хрватскиот инлајн шампионат.
Металург веќе за еден час може да ја искористи предноста до 2:1 во победи, моментно се игра четвртиот натпревар од финаната серија.
Македонскиот претставник одигра нов одличен натпревар на кој славеше со 6:3 (1:1, 0:1, 2:0, 3:1) благодарение пред се на Александар Петров кој фасцинираше со низа атрактивни интервенции.
“Пиратите” во мечот влегоа претпазливо, трпеливо чекајќи ја својата прилика, па на полувреме замина со негатива од еден погодок. Сепак, по кратката пауза македонските хокеари се разбудија, заиграа далеку поагресивно и поконкретно кон голот на Куна што резултираше со превземање на водството веќе по третиот период. Во последната четвртина, “Металурзите” продолжија со ист интензитет па така на крај славеа со конечни 6:3.
Покрај голманот Петров, херој на денешниот меч беше искусниот Јуре Внук кој постигна неверојатни три гола, додека со по еден гол се запишаа Симон Жердин , Јуре Стопар и Давор Анастасов.

0 Kommentare