Ќе се гради урбан парк со голф терени, лизгалиште, езера...

Ќе се гради урбан парк со голф терени, лизгалиште, езера...
Петок, 11 Јануари 2013 14:48


Нов урбан зелен парк ќе се гради во Аеродром, а во него ќе бидат застапени повеќе видови животни, тениски игралишта, ресторан, лизгалиште, терен за голф и езера.
golf-park500

Општина Аеродром објави конкурс за изработка на идејно архитектонско–урбанистичко решение за голем зелен парк. Конкурсот, кој ќе трае до 11 март годинава е објавен на интернет страницата на Бирото за јавни набавки, заедно со условите за учество. Со носителот на избраниот најкреативен труд, општината ќе потпише договор за изработка на основен проект.

Kреативност и инвентивност, оригиналност, репрезентативност, современ третман на објектот, економичност и задоволување на меѓународните прописи и нормативи се дел од потребните критериуми.

Во идејното решение треба да бидат застапени содржини на површина од над 25 хектари. Во паркот ќе има повеќе видови мајмуни, срни, елени, пони коњчиња, желки, фазани и други видови домашна живина, зајаци, птици, диви кози, верверички, водена флора и фауна и друго.

Паркот треба да биде хортикултурно уреден со висока и ниска вегетација и да содржи пешачки патеки, ресторан, детски катчиња со игралишта за најмладите, тениски игралишта, лизгалиште, терен за голф, едно големо и неколку помали меѓусебно поврзани езера, како и многу други содржини предвидени во проектната програма.

Google translate:


An urban park will be built with golf courses, a skating rink, lakes ...


Friday, January 11, 2013 2:48 pm

A new urban green park will be built at the Airport, which will feature more species of animals, tennis courts, a restaurant, a skating rink, a golf course and lakes.

The Municipality of Aerodrom has announced a competition for design of an architectural-urban design for a large green park. The competition, which will run until March 11 this year, is published on the website of the Public Procurement Bureau, along with the conditions for participation. With the holder of the most selected creative work, the municipality will sign a contract for preparation of a basic project.

Creativity and inventiveness, originality, representativeness, modern facility treatment, cost-effectiveness and compliance with international regulations and norms are part of the required criteria.

The design solution should contain content of over 25 hectares. The park will have many species of monkeys, deer, deer, pony, turtles, pheasants and other domestic poultry, rabbits, birds, wild goats, squirrels, aquatic flora and fauna and more.

The park should be horticulturally landscaped with high and low vegetation and include hiking trails, a restaurant, playgrounds for the youngest, tennis courts, a skating rink, a golf course, one large and several smaller interconnected lakes, as well as many other facilities provided. in the project program.

Kommentar veröffentlichen

0 Kommentare