Македонска хокеарска колонија во Грција

Македонска хокеарска колонија во Грција
17.11.2011 11:16


Хокејот на мраз се уште не е доволно развиен во Македонија, па така овие спортисти среќата мора да си ја бараат надвор од границите на нашата земја. Она што е интересно е дека во Грција се создава наша хокеарска колонија, ако се знае дека за овој тим веќе настапуват тројца Македонци: Стефан Децковски, Ивица Тасков и Зоки Гировски, кои што се дел од тимот на Ираклис, на чија што клупа седи македонскиот стручњак Васко Шишков.

Бидејќи и Грција нема доволен број на тимови за да формира хокеарска лига, тимот на Ираклис се натпреварува во бугарскиот шампионат. Во последните два меча Ираклис претрпе два порази, од 8-0 и 4-1, а стрелец на единствениот погодок за овој тим беше токму нашиот хокеар Децковски.

„Јас и лани бев дел од тимот на Ираклис, газдите на клубот беа задоволни од мене и ми понудија да останам и сезонава. Се чувствувам одлично во Грција, без оглед на односите меѓу двете земји јас не чувствувам никаков притисок овде, момците се супер и рабоиме напорно за да бележиме подобри резултати“ - изјавува Децковски.

Македонската колинија во овој тим би требала да се зголеми со ангажманот на двајца нови хокеари, Ѓорѓи Грчев и Ристо Аиновски, кои што се најавени како големи засилувања во обидите Ираклис да излезе од резултатската криза.

„Добро е што голем број наши хокеари ќе настапуваат за ист тим, тоа ќе ни помогне да се воиграме што подобро. Знаеме дека постојат најави за тим-репрезентација во Македонија и се надевам дека тоа наскоро ќе се оствари, но од друга страна во моментов немаме ниту лизгалиште за да тренираме како што треба. Се надевам дека ќе бидат исполнети сите услови за нормален тренинг, што е прв предуслов за создавање на силен тим“ - коментира Децковски.


Google translate:


Macedonian hockey colony in Greece


Ice hockey is still underdeveloped in Macedonia, so these athletes must seek their happiness beyond the borders of our country. What is interesting is that our hockey colony is being created in Greece, given that three Macedonians are already in the squad: Stefan Detskovski, Ivica Taskov and Zoki Girovski, who are part of the team of Iraklis, on which the Macedonian bench is sitting. expert Vasko Shishkov.

Since Greece does not have enough teams to form a hockey league, Iraklis' team competes in the Bulgarian Championship. In the last two matches, Iraklis suffered two defeats, 8-0 and 4-1, and our only scorer was Dockovski.

"Last year I and I were part of the Iraklis team, the club bosses were pleased with me and offered to stay with me this season. I feel great in Greece, regardless of the relations between the two countries I don't feel any pressure here, the guys are great and we are working hard to achieve better results," Deckovski said.

The Macedonian colony on the team should be boosted by the engagement of two new hockey players, Gjorgji Grcev and Risto Ainovski, who are heralded as major reinforcements in Iraklis' efforts to get out of the crisis.

"It is good that many of our hockey players will play for the same team, it will help us to play better. We know that there are announcements for a national team in Macedonia and I hope that this will happen soon, but on the other hand, we do not even have a rink to train properly. I hope that all the conditions for a normal training will be fulfilled, which is the first precondition for creating a strong team ”- comments Deckovski.

Kommentar veröffentlichen

0 Kommentare