Арената за хокеј добива нов лик​

Објектот повторно ќе биде пуштен во употреба на 15 ноември со нова подлога, покриен и застаклен​
Миодраг Мицковиќ



„Уште кога ја отворивме Арената, имавме готови планови целиот објект да биде покриен, да се направи подлога за летни и за зимски услови, но се судривме со извесни проблеми при изградбата, така што целиот проект доцнеше не по наша вина. Под самата Арена минува колектор за отпадни води и фекалии од овој дел на градот, па не можеа да се вградат железни столбови за покривот и се бараше друго решение како тоа да се изведе. Меѓутоа, сега работите се одвиваат нормално и очекувам на 15 ноември Арената за хокеј повторно да биде предадена во употреба, со покрив и со две специјални подлоги, една за летниот, друга за зимскиот период, со специјална смеса, која ќе овозможи брзо лизгање и нормално играње на натпреварите во хокеј. Набавена е специјална машина, која ја нанесува таа смеса на подлогата“, објаснува Капушевски.

Арената за хокеј по 15 ноември ќе биде подготвена за натпревари, за одржување на првенство на Македонија, но, пред се', акцентот ќе биде ставен на младите хокејари од школото на Спортскиот центар за да им се даде шанса да покажат што досега научиле од руските тренери. Од нив ќе бидат формирани и младински екипи, бидејќи во нив е иднината на овој спорт во Македонија.

Плановите да се одржува првенство на Македонија со хокеари во поодминати години е погрешен потег, а таква се покажа и на брзина формираната репрезентација во хокеј на ролерки, која во Софија играше во квалификациите за Светското првенство, каде што претрпе два катастрофални пораза од Турција и од Бугарија. Згора на тоа, оставајќи зад себе долг од 3.500 евра, бидејќи очекуваната парична помош од разни спонзори остана само ветување.

Засега илузорно е и да се размислува за настап на Балканското клупско првенство во кое стартуваа екипи од Србија, од Босна и Херцеговина и од Бугарија, бидејќи во моментов немаме клуб што би можел рамноправно да им се спротивстави.​


Google translate:


The hockey arena is getting a new face


The facility will be reopened on November 15 with a new pad, covered and glazed

Miodrag Mickovic

"Ever since we opened the Arena, we had ready-made plans for the entire facility to be covered, to provide a foundation for summer and winter conditions, but we encountered some construction problems, so the whole project was not to our fault. Underneath the Arena was a sewer and sewage collector from this part of the city, so no iron pillars could be fitted to the roof, and another solution was required as to how to do it. However, things are now normal and I expect the November 15 hockey arena to be reopened, with a roof and two special pads, one for the summer, the other for the winter, with a special blend that will allow for quick skating and normal playing hockey matches. A special machine has been purchased to apply this mixture to the substrate, ”explains Kapusevski.

The hockey arena after November 15 will be ready for matches to hold the Macedonian championship, but above all, the emphasis will be on young hockey players from the Sports Center school to give them a chance to show what they have learned so far from the Russian. coaches. They will also form youth teams, as they are the future of this sport in Macedonia.

Plans to hold Macedonia's hockey championship in recent years is a wrong move, and so has the speed of the roller-coaster hockey team that has played in Sofia in the World Cup qualifier, where it suffered two catastrophic defeats by Turkey and by Bulgaria. On top of that, leaving behind a debt of 3,500 euros, as the expected financial support from various sponsors remained just a promise.

For the time being, it is also illusory to think about playing at the Balkan Club Championship which started with teams from Serbia, Bosnia and Herzegovina and Bulgaria, as we do not currently have a club that could equal them.

Kommentar veröffentlichen

0 Kommentare