Иницијативи за хокејарска репрезентација на Македонија
ПОНЕДЕЛНИК, 14 ДЕКЕМВРИ 2009
hockeyВладата на Република Македонија, со иницијативи во сите можни сфери од јавниот, општествениот живот и спортот. Во моментов ја разгледува можноста за основање Хокејарска репрезентација на Република Македонија.
Агенцијата за иселеништво на Република Македонија ја доби надлежноста и е задолжена да направи истражување и да лоцира македонци ангажирани како хокеј играчи низ светските репрезентации за хокеј. Можноста за ангажирање на хокејарски професионални играчи, со потекло од Македонија, кои настапуваат во хокеарските клубови во САД, Канада, Руската Федерација, Австрија, Чешка, Словачка, Данска, Норвешка, Шведска, Финска, Словенија, Германија и Србија не е исклучена и е потребно да се пријават и да се поканат да бидат ангажирани во македонска репрезентација.
На оваа иницијатива на Владата на Република Македонија се очекува да и излезат во пресрет македонците од дијаспората и нашите сограѓани, за да ја оствариме оваа можност и да добиеме македонска хокеј репрезентација од македонски хокеј играчи. Затоа е потребно секој хокеарски играч кој игра во некој од професионалните шампионати во други земји, а е по потекло од Македонија, да стапи во контакт со Агенцијата за иселеништво при Владата на република Македонија.
Агенција за иселеништво на Република Македонија
0 Kommentare