Швајцарската јуниорска репрезентација во хокеј постигна голем успех на СП кое се играше минатата седмица во Швајцарија.
По загубеното полуфинале против Финска и поразот во малото финале за трето место против Канада, јуниорите на Швајцарија го освоја одличното четвртото место – пред хокејарски велесили како Русија.
Во редовите на швајцарците е Македонецот Кристијан Шулески, кој има потекло од Струга. Моментално живее во Биел-Бјен каде е капитен на јуниорската екипа. Стружанец е по мајка и татко, има 17 години и на повидок е успешна кариера на лизгалки. Годинава беше единствен репрезентативец за Швајцарија од неговиот клуб.
Кристијан со бројот 12 игра на позиција одбранбен играч, постигна и погодок во полуфиналето против Финска. Во последната тековна сезона многу странски хокејарски клубови го открија негов талент и објавија голем интерес за склучување на договор со него.
Од страна на Хокејракста Федерација на Македонија секако постои интерес Кристијан Шулески да заигра во македонскиот дрес, но шансите засега се минимални.
„Го следам Кристијан веќе подолго време и можам да кажам дека е одличен и талентиран играч. Швајцарија има достигнато високо светско ниво во хокејот и ги обучува младите хокејари исклучиво феноменално. Мислам дека настапот на Кристијан за У18 репрезентацијата на Швајцарија ќе му даде шанса да заигра и за сениорскиот тим која на последните СП постигна исто така извонредни резултати“ вели Зоранчо Гриовски од редовите на ХФМ.
suleski
Видео од полуфиналето, Кики е стрелецот за 1:1
https://vimeo.com/126047695
0 Kommentare