ХК Металург покрај во БАХЛ ќе игра и во хрватската лига



Хокеј клубот на Металург кој  втор пат по ред ќе се натпреварува во регионалната БАХЛ лига, од оваа сезона паралелно ќе биде дел и од силната хрватска лига во инлајн хокеј. Ова ќе биде прва сезона во една лига за инлајн хокеј за екипата на Металург.

ХК Металург нема да биде единствен клуб надвор од просториите на Хрватска, кој ќе се натпреварува во нивната лига со оглед на тоа што учество од оваа сезона ќе земе и екипата на Партизан од Србија. Кога сме кај Првата Хрватска лига, вреди да напомениме дека станува збор за професионална лига, една од најдобрите во овој дел од Европа, која претстојната сезона со веќе споменатите две екипи ќе брои осум клубови.

„Учеството на ХК Металург во оваа лига ние како федерација максимално го поддржуваме со оглед дека гледаме одлична можност за напредување и воигрување на нашата репрезентација, со оглед што за клубот ќе настапат речиси сите наши репрезентативци. Сите натпревари од оваа лига ќе се играат во Загреб, бидејќи единствено таму има професионални услови за игра. До официјалниот почеток на лигата би можело да се засилиме уште со двајца хокеари” - ни изјави Никола Тасев, претседателот на Македонската Хокеј Федерација.

Google Translate

Metalurg will play in the Croatian league besides BAHL


Metalurg's hockey club, which will compete for the second time in the regional BAHL league, will also be part of the strong Croatian league in inline hockey this season. This will be the first season in a league for inline hockey for HC Metalurg.

Metalurg will not be the only club outside the premises of Croatia, which will compete in their league, as part of this season will be Partizan Belgarde from Serbia. When it comes to the First Croatian League, it is worth mentioning that it is a professional league, one of the best in this part of Europe, which will have eight clubs in the upcoming season with the two teams already mentioned.

"HK Metalurg's participation in this league we as a federation strongly support as we see an excellent opportunity to advance and play for our national team, as almost all of our players will play for the club. All matches in this league will be played in Zagreb, because only there are professional playing conditions. Until the official start of the league we could be strengthened by two more hockey players, ”said Nikola Tasev, president of the Macedonian Hockey Federation.

Kommentar veröffentlichen

0 Kommentare