A wonderful hockey rink in Skopje - just on paper

The arena was projected in 2010 in the catalogue of BIMAS. The designated location had to be in Aerodrom. But the plan was discarded and will be never realised.
Macedonian newspaper "Novamakedonija" titled: A park with small lakes instead of hockey rink  (Macedonian text below, 29 July 2011)










 
Паркот со езерца доаѓа наместо сала за хокеј
Сондажните испитувања на општината Аеродром покажале дека поисплатлива инвестиција е изградба на парк со езерца отколку хокеарски објект, па додека се гради новата содржина, ќе се промени и урбанистичката документација за да се вметне таа

Паркот со езерца ќе се простира на 11.000 м2
Паркот со четири езерца што почна да се гради вчера во општината Аеродром се прави на место што во деталниот урбанистички план е предвидено за изградба на сала за хокеј. Според општинарите, сондажните испитувања што ги направиле покажале дека поисплатливо е да се направи парк отколку хокеарски објект. Иако таа беше бомбастично најавена со другите објекти предвидени на кејот на реката Вардар, сега ќе се прави измена во урбанистичкиот план за тој да се приспособи на новите проекти на општината.

Со овие измени скопјани остануваат само со едно лизгалиште, каде што ќе може да се вежбаат хокеј или уметничко лизгање. Игралиштето за хокеј и другите придружни објекти во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во овој период паузираат поради колективниот одмор на вработените. 

- Иако лизгалиштето, како и кугларницата, пингпонг-просториите и другите објекти се на пауза, бидејќи е период на годишни одмори, сепак веќе има интерес и за неа. Уште пред да почнат одморите се закажани редовните тренинзи за хокеј-клубот „Ипсилон“ и за Хокеарската федерација. Може да се пофалиме и со голем интерес од родители што сакаат нивните деца да учат хокеј или уметничко лизгање - објаснува Ивана Стојановска, портпаролка на спортскиот центар „Борис Трајковски“. 

Од септември заинтересираните и за овој вид спорт ќе можат да резервираат термин и да ја посетат салата за хокеј во спортскиот центар. 

Што се однесува, пак, до десниот брег на реката Вардар во делот од општината Аеродром, со последните измени на деталниот план беа предвидени аква-парк, тениски игралишта, хотели, а меѓу нив и салата за хокеј. Во меѓувреме во непосредна близина на спортската сала „Јане Сандански“ се изградени тениските и фудбалското игралиште. 

Паркот со четири езерца што завчера го најави градоначалникот Ивица Коневски треба да биде готов и достапен за граѓаните за осум месеци. Тој ќе зафати површина од над 11 илјади квадратни метри, од кои во водна површина ќе бидат 1.800 квадрати. Најголемото езеро ќе зафати половина од водната површина, а во средината ќе има и метална скулптура со симбол на општината. Исто така, предвидени се и водопади и гејзири и други скулптури. 

Сличен парк општината веќе изгради на спротивната страна од населбата Аеродром, на крстосницата меѓу булеварите Јане Сандански и Србија, каде што се постави и споменикот на Јане Сандански. Паркот што го носи името на македонскиот револуционер зафаќа 4.000 квадратни метри, има три вештачки езерца, фонтани, водопад, плоштад, а при крај е и изградбата на црквата „Свети Никола“.

Последните планови за развој на општината Аеродром, градоначалникот ги презентираше пред крајот на минатата година, кога ја претстави општината како место за инвестиции. Тогаш беа најавени над 100 семејни згради, десетина деловни објекти, нови комерцијални комплекси, административни објекти, болница, хотели, како и спортско-рекреативен центар на кејот на Вардар, со спортска сала, сала за хокеј, олимписки базен, четири тениски и едно фудбалско игралиште.



Kommentar veröffentlichen

0 Kommentare