В недела (27 март), во салата "Борис Трајковски" во Скопје, поточно на новото хокеарско игралиште на паркингот пред салата, со почеток во 14 часот ќе се одржи првиот официјален натпревар во хокеј на мраз, по пауза од дваесетина години
Доаѓа екипа од Бугарија на која ќе се спротивстават избраниците на тренерот Томе Атанасовски, комбиниран состав на сениори и ветерани. Половина час порано ќе се одри церемонијата околу свечено отворање на игралиштето.
По тој повод вчера Хокеарската федерација на Македонија (ХФМ) и Агенцијата за млади и спорт одржаа прес-конференција на која беше презентирана новата опрема, како и информација за следните активности на федерацијата, во периодот што доаѓа.
Стана збор и за хокеарите, кои по потекло се од Македонија, а кои играат во најсилните лиги во САД и во Канада. Во контекст на тоа Тасев рече дека тоа е возможно, но бара време. Според правилата на Светската федерација, секој играч кој доаѓа од друга земја мора минимум две години да настапува во лига натпреварите во новата средина, па дури потоа во репрезентацијата.
ХФМ ПОДНЕСЕ БАРАЊЕ ЗА УЧЕСТВО НА СП 2012
Сe зависи од светската федерација
"Како федерација поднесовме барање за учество на СП во 2012 година што ќе се одржи во Братислава. Дали ќе ја прифатат нашата апликација зависи од Светската федерација, која бара да исполниме неколку услови кои се клучни за секоја земја која сака да игра на Мундијалот. Прво, да имаме лига со минимум 4 клуба - тоа ќе го средиме, второ - да имаме најмалку 65 регистрирани играчи - и тоа ќе го средиме, и клучниот услов - да имаме минимум едно затворено игралиште - ние немаме. Ќе се обидеме да ни прогледаат низ прсти, но тоа зависи од волјата на светската федерација.
0 Kommentare