Прва, убедлива победа на Хокејарите на Металург

Хокејарите на Металург вечерва ја остварија својата прва победа во рамките на Балканската хокејарска лига (БАХЛ), совладувајќи го убедливо тимот на Ледени Ѓаволи со резултат 16-4, по третини (1-9, 1-4, 2-3)

Друг Металург играше вечерва во БАХЛ лигата, тим со тактика, искуство, цврстина, борбеност, јасна цел и победата е неизбежна. Поразена е втората екипа по ранг на квалитет во БАХЛ лигата, ѓаволите се ‘‘поклонија‘‘ пред пиратите и ја честитаа заслужената победа.

Уште на стартот се наговести дека резултатот нема да оди во корист на Ледените Ѓаволи кога по само 47 секунди игра Стефан Децковски со одличен дриблинг ја измести домашната одбрана и постигна одличен погодок. Во играта се познаваше искуството што хокејарите го стекнаа настапувајќи изминатиот период во БАХЛ лигата, додавањата беа точни, прецизни и брзи. Веќе во 5 минута ‘‘пиратите‘‘ имаа четири гола предност со головите на Антон Виклунд, Урош Алексич и Немања Николич. Во продолжение на натпреварот до крајот на првата третина хокејарите на Металург како да добија крилја и уште поголема самодоверба и ја контролираа одлично пакот што резултираше со постигнување на уште 5 гола, Ивица Тасков во истекот на петата минута, Урош Банович во осмата, Немања Николич во деветата и деветнаесетата и Стефан Децковски во осумнаесетата минута.

Домашниот тим во првата третина се ‘‘освести‘‘ дури во 15-та минута постинувајќи го првиот свој гол.

Втората третина започна со поангажирана игра на домашниот тим, контролирајќи го пакот во воведните пет минути што резултираше со постигнување на погодок во 25 минута или 5 минута од втората третина. Потоа следуваше уште еден дожд на голови од хокејарите на Металург постигнувајќи во низа четири голови во период од 9 минути. Најпрвин стрелаше Миљушкович, Алексич, младиот Кристијан Ташевски и Миодраг Павлович.

Последните 20 минути хокејарите влегоа разтоварени од помислата за трите бода зошто поприлично од јасно беше дека тие ќе се бројат на контото на Хокејарскиот клуб Металург и ќе ја забележат првата победа. За одбележување е во третата третина домаќините постигнаа два брзи гола во период од 30 сек. Додека гостите постигнаа три гола со што не дозволија впечатокот да биде расипан победувајќи и во последните 20 мин.

Со оваа победа Металург како да му се реваншира на домашниот тим за буквално украдената победа пред две кола кога судиите велеа дека голот не е гол бидејќи мрежата била скината.

Домашниот и гостинскиот тим играа 6 минути без играч, или имаа по 3 исклучувања.
Утре со почеток од 18 часот и 50 минути по македонско време, Металург го игра вториот натпревар против екипата на Динамо.

Наскоро очекувајте и фото галерија од натпреварот.

Kommentar veröffentlichen

0 Kommentare