РУСКИ ТРЕНЕР ПОДГОТВУВА МЛАДИ ХОКЕАРИ ЗА УСПЕСИ И МЕДАЛИ

ОТВОРЕНО ЛИЗГАЛИШТЕТО ВО СРЦ „БОРИС ТРАЈKОВСKИ“
РУСКИ ТРЕНЕР ПОДГОТВУВА МЛАДИ ХОКЕАРИ ЗА УСПЕСИ И МЕДАЛИ




Јорданка Ивановска

Младите талентирани хокеари, кои тренираат во спортскиот центар „Борис Трајковски“ на Македонија ќе ~ донесат успеси за пет години, ако со нив се работи активно како и досега, смета Димитриј Назнамов, тренер на младите генерации кои се занимаваат со овој спорт. Тој ги учи хокеарите од клубот „Вардар“, возобновен пред три години од спортско рекреативниот центар „Борис Трајковски“ (СРЦБТ). Во моментов, во клубот активно спортуваат повеќе од 70 деца, а во изминативе три години низ него поминале 300 хокеари, информираа од менаџментот на „Борис Трајковски“. 

Лизгалиште со љубов за Скопје

Во изминативе денови актуелно во спортскиот центар е отворањето на полуотворена сала за лизгање со подлога од вистински мраз. Лизгалиштето е подарок за градот од спортскиот центар, по повод Денот на ослободувањето, 13 Ноември, а работи под слоганот „Со љубов за Скопје“. Претходно јуниорите и сениорите вежбаа хокеј на подлога од ламинат. Со отворањето на ова лизгалиште метрополата конечно доби мраз за лизгање, по пауза од една деценија, кој овој пат, освен за рекреација, е наменет и за хокеј и за уметничко лизгање.

Назнамов, како што вели, дошол во Скопје благодарение на Владата на Македонија, за да ги развива талентите кај младите хокеари. Негова цел како стручњак е да ги постави темелите на хокејот во земјава, да ги препознае талентите и да вложи напори тие да станат успешни. 

- Јас сум ~ благодарен на Владата, која преку СРЦ „Борис Трајковски“ ме покани да дојдам да работам во Скопје. Во изминативе две години создадовме потенцијални кадри за хокеј. Мило ми е што имаме совршени услови за тренинзи и натпревари. На мраз ќе тренираме од ноември до април, а од април до ноември на ламинат. Вакви услови немаме ниту во Русија, а по ваков принцип се тренира во Kанада - вели рускиот тренер.

Тој додава дека неделно имаат по осум тренинзи - четири на мраз и четири кондициски. 

Температурите го стопија мразот

По отворањето на лизгалиштето со мраз, во текот на завчерашниот ден беше реализиран и натпревар помеѓу екипите на „Kајзерслаутерн“ од Германија и „Белкамнефт“ од Русија, во рамките на меѓународниот турнир што го организира центарот. Еден од натпреварите бил одложен поради високата температура, која изнесуваше 18 степени, на која мразот побрзо се троши. 

- Во текот на вечерта успеавме да создадеме дополнителен слој од три сантиметри, кој продуцира идеална ледена површина за играта да продолжи. Во упатството за работа децидно стои дека мраз се создава на температура под 15 степени, но ние поради веќе најавениот турнир и веќе договорените клубови немавме можност да одложиме - објасни Јован Димовски, раководител на хокеј-арената. 

Одложениот меч се одигра вчера, заедно со останатите претходно закажани натпревари. 

Лизгалиштето за сите граѓани е достапно од денеска, за цена од 120 денари, во која е пресметано и изнајмување лизгалки.

ПО ТАЛЕНТИ СЕ ТРАГА ВО УЧИЛИШТАТА

Хокејот во Македонија, според податоците од интернет-страницата на хокеарската федерација, е донесен во 50-тите години од минатиот век, од Македонци кои студирале, работеле или живееле во тогашната Чехословачка. 

Првиот клуб во Скопје е формиран во 1959 година, но посериозни чекори на ова поле се случувале по 1969 година, кога е формиран ХK „Вардар“. Позначајни резултати хокеарите оствариле во 80-те години, кога освоиле второ место на ниво на СФРЈ, а следната година и трето. Од 1990, па с` до 1999 година, хокеарската федерација на Македонија не постоела. Тогаш, неколку вљубеници во хокејот пројавиле иницијатива за продолжување на традицијата, но и тој обид се изјаловил. Во 2006 година таа е возобновена. 

Федерацијата активно соработува со основните училишта, кои се база за изнаоѓање млади талентирани хокеари

Google translate:


RUSSIAN COACHES PREPARES YOUNG TALENTS FOR SUCCESSES AND MEDALS


Young talented hockey players who train at the Boris Trajkovski Sports Center in Macedonia will achieve success in five years if they are actively working as before, according to Dimitri Naznamov, a youth generations coach. He teaches hockey from the Vardar club, renewed three years ago by the Boris Trajkovski Sports and Recreation Center (SRFBT). Currently, the club has more than 70 children actively playing, and over the past three years 300 hockey players have passed through it, Boris Trajkovski's management said.



Skating rink with love for Skopje


In the past few days the sports center has been opening a semi-open ice skating rink. The rink is a gift to the city from the Sports Center on the occasion of Liberation Day, November 13, and runs under the slogan "With love for Skopje". Previously juniors and seniors had been practicing hockey on a laminate floor. With the opening of this skating rink, the metropolis finally got ice skating, after a decade-long hiatus, which this time, except for recreation, is intended for both hockey and ice skating.

He said he came to Skopje, thanks to the Government of Macedonia, to develop the talents of young hockey players. His goal as an expert is to lay the groundwork for hockey in the country, to recognize talents and to make efforts to become successful.

- I am ~ grateful to the Government for inviting me to work in Skopje through SRC "Boris Trajkovski". In the past two years we have created potential hockey staff. I'm glad we have the perfect conditions for training and matches. On ice we will train from November to April and from April to November on laminate. We do not have such conditions in Russia, and according to this principle is trained in Canada - says the Russian coach.

He adds that they have eight trainings a week - four on ice and four on fitness.


Temperatures have melted the ice


Following the opening of the ice rink, a match was held between the teams of Kaiserslautern from Germany and Belkamneft from Russia in the international tournament organized by the center. One of the games was postponed due to the high temperature, which was 18 degrees Celsius, with the ice dropping faster.

- During the night we managed to create an extra layer of three centimeters, which produces an ideal ice surface for the game to continue. The operating instructions clearly state that ice is created below 15 degrees Fahrenheit, but we have not had the opportunity to delay due to the already announced tournament and the already agreed clubs - explained Jovan Dimovski, head of the hockey arena.

The delayed match was played yesterday, along with other pre-scheduled matches.

The skating rink for all citizens is available today, for a price of 120 denars, which also includes renting skates.


Looking for Talents in the Schools


Hockey in Macedonia, according to data from the Hockey Federation website, was adopted in the 1950s by Macedonians who studied, worked or lived in Czechoslovakia.

The first club in Skopje was established in 1959, but more serious steps in this field took place after 1969, when the FC Vardar was established. Significant results were achieved by the hockey players in the 1980s, when they won second place at the SFRY level, and the following year a third. From 1990 until 1999, the hockey federation of Macedonia did not exist. Several hockey enthusiasts then launched an initiative to continue the tradition, but that attempt failed. In 2006 it was restored.

The Federation actively cooperates with primary schools, which are the base for finding young talented hockey players

Kommentar veröffentlichen

0 Kommentare