Нашите хокеари на прв меѓународен турнир во Турција



Овој викенд нашите хокеари на мраз ќе настапат на првиот мастерс турнир во Измит, во организација на турската хокеарска федерација.

Покрај нашите „Лавови“, на турнирот учествуваат и домашните екипи на „Истанбулс“, „Гимиш Патенлер“ и „Осите“ на техничкиот универзитет во Истанбул, како и „Динамо“ од Софија, Бугарија.
Нашите хокеари ја имаат првата средба со Динамо од Софија во сабота (08.06.2013) во 12:15 часот по наше време. Во февруари годинава, нашите хокеари имаа средба со Динамо на турнир во Софија, каде Лавовите изгубија во финалните минути со 5:3.
Против Динамо имаме отворена сметка. Во Софија минимално го изгубивме натпреварот во финишот, а особено јас имам горчливи сеќавања на средбата. Промашив пенал на почетокот и две сто процентни шанси баш во тој момент кога Динамо зазема водство“, вели Зоранчо Гриовски, кој е еден од поискусните играчи во нашите редови.
Но, да не заборавиме, Динамо тренира редовно и се натпреварува во бугарска Б Лига, а сето тоа нас ни недостасува во Скопје. Се надеваме барем на еден тренинг пред стартот на натпреварот“ - додава Гриовски.

Нашите хокеари велат дека имаат поддршка од турската хокеарска федерација, која има потпишано меморандум за соработка со македонската федерација. Тие изразуваат особена благодарност до г-динот Тарик Гочмен, кој има потекло од Скопје и е активен тренер на младинските репрезентации во Турција. Трошоците за превоз и ноќевање си подмируваат самите играчи.

Google translate


Our hockey players at first international tournament in Turkey


This weekend our ice hockey players will compete in the first Masters tournament in Izmit, organized by the Turkish Hockey Federation.

In addition to our Lions, home teams from Istanbul, Gimish Pattenler and Osse at the Technical University of Istanbul, as well as Dinamo from Sofia, Bulgaria, also take part in the tournament.

Our hockey players have their first encounter with Dynamo from Sofia on Saturday (08.06.2013) at 12:15 pm. In February this year, our hockey team met with Dynamo at a tournament in Sofia, where the Lions lost 5: 3 in the final minutes.

"We have an open account against Dinamo. In Sofia we lost the match at the finish, and I especially have bitter memories of the match. I missed a penalty at the start and two hundred percent chance at the moment when Dinamo takes the lead, "said Zoranco Griovski, who is one of the more experienced players in our ranks.

"But let's not forget, Dinamo train regularly and compete in the Bulgarian B League, that what we all miss in Skopje. We are hoping for at least one training session before the start of the matches”- adds Griovski.

Our hockey players say they have the support of the Turkish Hockey Federation, which has signed a memorandum of cooperation with the Macedonian Federation. They express special gratitude to Mr. Tarik Gocmen, who is originally from Skopje and is an active coach of youth national teams in Turkey. The costs of transportation and overnight are borne by the players themselves.

Kommentar veröffentlichen

0 Kommentare