Хокеарскиот клуб „Македонски лавови“ освои второ место на турнир во Турција

Многу ни е мерак кога ќе видиме дека постигнуваме успех во спортови за кои некои Македонци мислат дека воопшто и не постојат во Македонија. Така, хокеарскиот клуб „Македонски лавови“, на турнир во Измир, Турција стигна до сребрениот медал со резултат од три победи и еден пораз.
Хокеарскиот клуб
Македонски Лавови, како што пренесува Екипа (http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=17939), единствениот пораз го претрпеле од бугарскиот тим на Динамо Софија, а пред тоа победиле неколку противници, тимот на Гимиш Патенлер, Истанбул и на Техничкиот универзитет Истанбул.
Тимот кој редовно тренира во склоп на спортскиот комплекс Борис Трајковски, бил засилен со неколку странски имиња, а некои од играчите во тимот добиле и награди. Така награда за најдобар дефанзивец добил играчот Ѓорѓи Грчев, а за најдобар голман на турнирот бил прогласен Манолис Тегос, кој брани за нас.
Македонија има повеќе интернационалци кои настапуваат во регионот во тамошните клубови, бидејќи Македонија нема своја лига, има само еден клуб и терен кој не е соодветен за одржување натпревари. Сепак, според краткиот коментар даден за Екипа на еден од најискусните во тимот, Зоранчо Гриовски, нашата земја може да биде лидер во регионот во овој спорт бидејќи има одлични талентирани млади играчи, кои за да се развијат во добри хокеари треба да добијат соодветни услови, пред сè соодветно игралиште.
Им честитаме на успехот.

Kommentar veröffentlichen

0 Kommentare