Македонската репрезентација за противници во квалификациската група ќе ги има Бугарија, Турција и Латвија
Ретко кој знае, но Македонија има и своја репрезентација во „инлајн хокеј“. За оние кои што не знаат за што станува збор, инлајн хокеј е спорт во кој што воглавно важат правилата за хокеј на мраз, но главната разлика е во тоа што натпреварувачите не носат лизгалки, туку се движат на ролери. Нашата репрезентација во периодот од 1 до 5 август ќе биде дел од квалификациите за Светското Првенство во овој спорт.
Квалификацискиот турнир ќе се одр1жи во Бугарија, а покрај домашната селекција ривали на нашите репрезентативци ќе им бидат уште и селекциите на Турција и на Латвија.
Новина во однос на претходните квалификации е што овојпат селектор на македонскиот национален тим ќе биде Бугаринот Пламен Галабов, кој што изврши неколку измени во споредба со ланскиот состав. За најголемо освежување важи Дејан Велковски, кој што е голман во една од пониските германски лиги и би требало да биде големо засилување за македонската репрезентација.
„За жал, се соочивме со проблеми поради недостигот на подготовки. Беше планирано да минеме извесно време заедно,но првите планови турнирот да се одржи во септември се сменија. ИИХФ во последен момент го смени календарот, па натпреварите во Бугарија стартуваат од почетокот на август, со што сме ставени во непријатна ситуација. Иако патуваме со млад состав, ќе дадеме се од себе за достојно да ја претставиме Македонија во овие квалификации“ – изјави репрезентативецот Ивица Тасков.
Google translate:
Inline Hockey Qualification in Bulgaria
The Macedonian national team for opponents in the qualifying group will have Bulgaria, Turkey and Latvia
Hardly anyone knows, but Macedonia has its own representation in "inline hockey". For those who do not know what this is about, inline hockey is a sport where ice hockey rules are generally applied, but the main difference is that competitors do not wear skates but rather roller skates. Our national team from August 1 to 5 will be part of the World Cup qualifiers in this sport.
The qualifying tournament will be held in Bulgaria, and in addition to the domestic selection our rivals will also have Turkey and Latvia.
The news about the previous qualifications is that this time the coach of the Macedonian national team will be Bulgarian Plamen Galabov, who made some changes compared to last year's squad. The biggest refreshment goes to Dejan Velkovski, who is a goalkeeper in one of the lower German leagues and should be a big boost for the Macedonian national team.
"Unfortunately, we faced problems due to lack of preparation. It was planned to spend some time together, but the plans for the tournament to be held in September changed. The IIF has changed its calendar at the last minute, so matches in Bulgaria start in early August, putting us in an awkward situation. Although we are traveling with a young squad, we will do our best to represent Macedonia in these qualifications, "said representative Ivica Taskov.
0 Kommentare