Македонските ледени лавови дебитираат во ново руво

Хокеарската репрезентација утре ќе го одигра својот прв меч, против селекција на играчи од Бугарија, на новото лизгалиште со вештачки мраз, на кое ќе биде можно да се игра 12 месеци во годината


 
Првпат по 1979 година во Македонија ќе се одигра официјален натпревар во хокеј на мраз, на утрешното отворање на новото лизгалиште кај салата „Борис Трајковски“, во кој македонската репрезентација ќе биде домаќин на селекција на играчи од Бугарија (14 часот). Ова беше соопштено вчера на пресот во Агенцијата за млади и за спорт, на која директорот Диме Спасов и претставници на Хокеарската федерација на Македонија ги промовираа новите дресови на репрезентацијата.

- Задоволство и чест ми е во присуство на членовите на хокеарската федерација да ги промовираме дресовите и идните планови на репрезентацијата во хокеј на мраз, спорт што допрва ќе се развива во Македонија. Агенцијата е посветена на развивање на спортот, кој има големи планови - го отвори пресот Спасов.

Македонските „ледени лавови“, како што се нарекуваат хокеарите, имаат две комбинации на дресови, црвени за домашни мечеви и жолти за гостувања. На предната страна да дресот е логото на репрезентацијата, лав со два вкрстени хокеарски стапа во позадина.

- Во моментов имаме 35 хокеари, големи ентузијасти што се задоволни од новата опрема и лизгалиштето и со нетрпение очекуваат да го играат првиот меч - вели Томислав Атанасовски, тренер на репрезентацијата.
Токму во новите дресови хокеарите првпат ќе настапат на денешниот меч против селекција на Бугарија, на вештачкиот мраз на новото лизгалиште зад салата „Борис Трајковски“.

На лизгалиштето се поставени пластични плочи, кои се премачкуваат со пластичен силикон компатибилен со плочите, кои потоа ги поминува машина за да се израмни и соедини со силиконот. Со тоа, новото лизгалиште ќе им овозможи на хокеарите да играат во текот на целата година наместо досегашните два и пол месеци, колку што траеше сезоната на лизгалиштето под Кале.

По денешното деби, македонската репрезентација има големи планови за организирање национален шампионат, кој е предуслов за пријавување учество на светски првенства. За да се остварат овие цели ќе бидат потребни голема работа и поддршка од јавноста, која хокеарите секако ја заслужуваат.

Google translate:

Macedonian ice lions make their debut in a new suit


The hockey team will play its first match tomorrow against a selection of Bulgarian players at a new ice rink where it will be possible to play 12 months a year

For the first time since 1979, an official ice hockey match will be held in Macedonia at tomorrow's opening of the new rink at Boris Trajkovski Hall, where the Macedonian national team will host a selection of Bulgarian players (2 pm). This was announced yesterday at a press conference at the Agency for Youth and Sports, where Director Dime Spasov and representatives of the Jockey Federation of Macedonia promoted the new national jerseys.

- It is my pleasure and honor in the presence of the members of the hockey federation to promote the jerseys and future plans of the ice hockey national team, a sport that is yet to develop in Macedonia. The agency is dedicated to developing the sport, which has big plans - opened Spasov press.

Macedonian "ice lions", as the hockey players call them, have two combinations of jerseys, red for home matches and yellow for guests. On the front of the jersey is the national team logo, a lion with two hockey sticks in the background.

"We currently have 35 hockey players, big enthusiasts who are happy with the new equipment and the rink and look forward to playing their first match," said Tomislav Atanasovski, coach of the national team.

It is in the new jerseys that the hockey players will perform for today's first match against Bulgaria, on the ice of the new rink behind Boris Trajkovski Hall.

There are plastic plates placed on the rink, which are coated with plastic-compatible silicone plates, which are then passed through a machine to catch up with the silicon. By doing so, the new rink will allow hockey players to play year-round instead of the current two-and-a-half months as long as the Kale rink season.

After today's debut, the Macedonian national team has big plans to organize a national championship, which is a prerequisite for applying to participate in world championships. Achieving these goals will require a great deal of work and public support, which the hockey players certainly deserve.

Kommentar veröffentlichen

0 Kommentare