ОДЛОЖЕНО - НОВ ТЕРМИН НЕДЕЛА 27. МАРТ!!!!

Хокејот ќе воскресне во Скопје

Денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт, директорот Диме Спасов и претседателот на хокејарската федерација, Никола Атанасов ја презентираа опремата на македонската хокеј репрезентација и ги образложија идните активности за хокеј спортот во Македонија.

Во своето излагање, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Диме Спасов истакна дека државата започнува проект за развој на хокеј спортот и создавање квалитетна репрезентација која ќе учествува на големите меѓународни натпреварувања. Тој воедно додаде дека ќе се следи примерот на другите држави кои формираат јак клуб – репрезентација и ќе се омасовува овој спорт кој моментално брои 35 хокеари.

Претседателот на хокеј федерацијата, Никола Атанасов во своето излагање ги презентираше активности кои во наредниот период ќе ги превземе федерацијата, а тоа се: поднесување апликација за учество на следното Светско првенство во 2012 година, пријавување еден клуб во соседните држави во инлајн лигата и учество во квалификациите за инлајн светскоto првенство

Kommentar veröffentlichen

0 Kommentare