ХОКЕЈ НА МРАЗ ВО УЧИЛИШТЕН ДВОР

Првиот неофицијален натпревар во хокеј на мраз е одигран во Скопје, во февруари 1962 година, во дворот на ОУ „Браќа Рибар“, денес „Димитар Миладинов“

Миодраг Мицковиќ

Ќе заживее ли повторно хокеј на мраз во Скопје. Ќе се вратат ли оние убави денови од осумдесеттите години кога Скопје-Макотекс играше во Првата лига на поранешна Југославија, кога младинците на Вардар во 1974 година на турнирот во Крањска Гора станаа вицешампиони на Југославија. Беа тоа златни денови на македонскиот хокеј кога на трибините на лизгалиштето на Кале имаше и по 4-5 илјади гледачи на натпреварите на Скопје-Макотекс. На истото лизгалиште многумина сигурно и не се сеќаваат мислиме на помладата генерација, дека 1969 година се одржа и Светското првенство во Ц група на кое играа репрезентациите на Јапонија, Швајцарија, Холандија, Данска, Бугарија и Унгарија. 

Денес повторно една група ентузијасти, на чело со претседателот на Хокеарската федерација на Македонија Никола Тасев прави напори да се формира прва репрезентација на Македонија во хокеј на мраз која би учествувала во квалификациите за светското првенство, Олимписките игри, би се играло по турнирски систем и првенство на Македонија. Формиран е повторно хокеарски клуб Вардар, лизгалиштето на Кале одново заживеа, но се уште има големи проблеми сето тоа да се оствари со оглед на недостиг на опрема, финансиски средства за да се ангажираат играчи од странство, по потекло од Македонија. Но, како што тврдат од Федерацијата, првите чекори се веќе направени, се регистрирани пет клуба, интересирањето е големо кај младите и тоа дава надеж дека наскоро можеби ќе се вратат тие убави хокеарски времиња. 

Можеби ова и беше причина да се потсетиме на тие први чекори што се правеа во Македонија, во Скопје кога во далечната 1959 година беше формиран прв хокеарски клуб во Скопје. Основачкото собрание се одржа на 3 февруари 1959 година во просториите на Сојузот на спортовите на Скопје кога беше избрана управа на новиот клуб ХК Скопје на чие чело беше и првиот претседател Киро Цветковски, а Панче Леов потпретседател. Екипата ја тренираа Трајко Трпчевски и Лазо Мусмановски, повратници од тогашна Чехословачка, инаку по потекло од Егејска Македонија.

Сигурно за многумина ќе биде изненадување ако напишеме дека тие први тренинзи, во Скопје тогаш немаше лизгалиште, се одржуваа на замрзнатото езерце во Градскиот парк, се додека беше студено и додека не попуштеше мразот на езерцето со првите пролетни денови. Немаше доволно опрема, стаповите беа заменувани со обични, рачно направени. Сите немаа ниту лизгалки, ги правеа од дебели жици, кои ги врзуваа на длабоките чевли за да можат да се лизгаат. Головите беа позајмувани од помошниот терен на Градскиот стадион, на кои тренираа играчите на Вардар играјќи мал фудбал. Во прво време се употребуваа разни гумени и цврсти предмети. Играле во џемпери, со волнени капи на глава. 

Но, сепак, сето тоа беше интересно, на езерцето преку цел ден вриеше како во кошница. Меѓу првите хокеари беа Трајко и Томе Трпчевски, Мито Панзов, Стојче Костенчев, Петре Божаров, Лазо Мусмановски, Ѓорѓи Головски, Душко Самолов, Бошко Атанасов, Алексо Поповски, Никола Ставревски.

Сигурно дека во историјата на македонскиот хокеј на мраз ќе влезе и првиот пропаганден натпревар одржан на 1 март 1959 година покрај брегот на замрзнатото Мавровско Езеро. Дури имаше и околу 300 гледачи дојдени од Тетово, Гостивар, Дебар да го видат и тоа чудо - хокеј на замрзнатото езеро. Јасно, немаше мантинела, лизгалиштето беше обележано со црна боја, гледачите распоредени околу „теренот“ го враќаа пакот кај хокеарите, во игра. Според пишувањето на „Нова Македонија“ средбата завршила нерешено 9:9, играа хокеарите на Скопје поделени во две групи. На тој пропаганден меч на Мавровското Езеро настапиле: Душко Мијовски, Дупјачановски, Николовски, Петровски, Стоилковски, Митевски, Русев, Шалваринов, Коле Ставревски, Митко Динев, Лазо Шуманов, Максим Дукановски, Миле Чемков, Методија Рибаровски и Геле Ристанчев.

Веројатно постарите жители на Скопје се сеќаваат на оној за нив прв спектакуларен неофицијален меч во хокеј на мраз што се одигра на 16 февруари 1962 година во дворот на тогашното основно училиште „Браќа Рибар“, денес „Димитар Миладинов“. На кошаркарското игралиште, со бетонска подлога цела ноќ учесниците на овој натпревар го поливаа со вода, времето било мошне студено околу минус 10 степени така што бетонот бил покриен со дебела наслага на мраз. Теренот бил обележан, головите донесени од помошното игралиште на Вардар, поставени легнати клупи и маси околу теренот за да изигруваат „мантинела“ и средбата можела да се одигра, јасно меѓу хокеарите на Скопје во присуство на над, како што пишуваше во „Нова Македонија“ повеќе од 1.000 гледачи. Резултатот не е објавен. Но овој пат сите хокеари имале оригинални лизгалки, биле многу подобро опремени, бидејќи од белградски Партизан како помош била донирана извесна хокеарска опрема.

Се до изградбата на лизгалиштето на Кале хокеарите на Скопје подоцна на Вардар, тренираа каде ќе стигнеа, на езерцето во паркот, на Мавровското Езеро, на слободните површини во градот кои во зимско време беа замрзнати. Имаше и комични ситуации бидејќи често мразот на езерцето во паркот знаеше да попушти па имаше и непредвидени бањања, но сепак хокејот чекореше и се играше, каков таков, хокеарите на Скопје одеа со помошта на Сојузот на спортовите на Скопје да тренираат во Белград, на стадионот Ташмајдан, за првпат 1960 година настапија на првиот официјален турнир, некој вид квалификации за првенството на поранешна Југославија. Одиграа три меча, загубија катастрофално што е и разбирливо бидејќи играа на едно нормално лизгалиште, со манбтинела, под електрично осветление. Загубија од Авала (Белград) со 21:0, Загреб 17:3 и Целје 13:5.

За овие изминати 50 години од формирањето на првиот клуб во хокеј на мраз имаше и успеси и падови, настапи не само во Втората туку и во Првата лига на Југославија, за Скопје Макотекс играа дури и странски хокеари: голманот Андреј Хебар од Словенија, Шејбал, Мец и Миклошевич од тогашна Чехословачка. Петмина играчи од Скопје настапуваа и за Босна од Сараево: Страдал, Чупевски, Његач, Белов и В. Атанасовски, денес ветераните Ѓорѓи Грчев игра за екипата Баса од Чешка, Влатко Атанасов играше во четвртата лига на Франција. Од Македонија имаше и репрезентативци во поранешна Југославија: за Б селекцијата беше повикан голманот Сашко Чуповски, во младинската репрезентација играа Ѓорѓи Грчев и Влатко Атанасов.


Google translate:


ICE HOCKEY IN THE SCHOOL YARD


The first unofficial ice hockey match was played in Skopje, in February 1962, in the yard of the "Brothers Ribar" primary school, today "Dimitar Miladinov"
Miodrag Mickovic

Will ice hockey live in Skopje again? Will those beautiful days of the Eighties when Skopje-Makoteks played in the First League of the former Yugoslavia come to an end, when Vardar's youth in the 1974 tournament in Kranjska Gora became vice champions of Yugoslavia. Those were the golden days of Macedonian hockey when there were 4-5,000 spectators at the Skopje-Makoteks competitions at the Kale rink. At the same rink many certainly do not remember the younger generation thinking that in 1969 the World Cup held in Group C with the national teams of Japan, Switzerland, the Netherlands, Denmark, Bulgaria and Hungary.

Today, again a group of enthusiasts, headed by the President of the Jockey Federation of Macedonia Nikola Tasev, makes efforts to form Macedonia's first ice hockey team to qualify for the World Cup, the Olympics, to play in a tournament system and championship. of Macedonia. Hockey club Vardar has been formed again, the Kale skating rink has been revived, but there are still major problems with the lack of equipment, funds to hire players from abroad, originally from Macedonia. But, as the Federation claims, the first steps have already been taken, five clubs have been registered, the interest is high among youngsters and this gives them hope that those beautiful hockey days may return soon.

Maybe this was the reason to remember those first steps that were made in Macedonia, in Skopje when the first hockey club in Skopje was formed in 1959. The founding assembly was held on February 3, 1959, at the premises of the Sports Union of Skopje, when the management of the new club FC Skopje was headed by the first president Kiro Cvetkovski and the vice president Pance Leov. The team was coached by Trajko Trpcevski and Lazo Musmanovski, returnees from then Czechoslovakia, originally from Aegean Macedonia.

It would be a surprise to many if we write that those first trainings, in Skopje at that time there were no skating rinks, were held on the frozen pond in the City Park, until it was cold and the pond ice had fallen for the first spring days. There was not enough equipment, the sticks were replaced with ordinary, hand-made ones. Not everyone had slippers, they made them of thick strings, which they tied to deep shoes so they could slip. The goals were borrowed from the auxiliary terrain at City Stadium, where Vardar's players played small football. For the first time, various rubber and solid items were used. They played in sweaters, with woolen hats on their heads.

But all in all, it was interesting, the pond boiled all day like a basket. The first hockey players were Trajko and Tome Trpcevski, Mito Panzov, Stojce Kostenev, Petre Bozarov, Lazo Musmanovski, Gjorgji Golovski, Dushko Samolov, Bosko Atanasov, Aleksso Popovski, Nikola Stavrevski.

It is certain that the first propaganda match held on March 1, 1959, along the frozen Mavrovo Lake, will enter the history of Macedonian ice hockey. There were even about 300 spectators coming from Tetovo, Gostivar, Debar to see that miracle - hockey on the frozen lake. Clearly there was no coat, the skating rink was black, the spectators around the pitch were returning the hockey puck to the game. According to the writing of "Nova Makedonija" the match ended 9: 9, the Skopje hockey players were divided into two groups. That propaganda match on Lake Mavrovo was played by: Dushko Mijovski, Dupjachanovski, Nikolovski, Petrovski, Stoilkovski, Mitevski, Rusev, Halvarinov, Kole Stavrevski, Mitko Dinev, Lazo Shumanov, Maksim Duklevski, Maksim Dukanovski, Maksim Dukanovski.

The older residents of Skopje are probably remembering for them the first spectacular unofficial ice hockey match played on February 16, 1962 in the courtyard of the then "Brothers Ribar" primary school, today "Dimitar Miladinov". On the basketball court, with the concrete surface all night the participants poured water, the weather was very cold around minus 10 degrees so that the concrete was covered with a thick layer of ice. The field was marked, goals brought from Vardar's auxiliary playground, benches and tables set around the field to play "mantinella" and the match could be played clearly between the hockey players in Skopje in the presence of over, as it was written in "Nova Makedonija". more than 1,000 viewers. The result is not published. But this time all the hockey players had original skates, they were much better equipped because some Belgrade hockey equipment was donated to Partizan.

Until the construction of the skating rink at the Kale Hockey Clubs of Skopje later on Vardar, they trained where they could get, on the park pond, on Mavrovo Lake, on the freezing areas of the city that were frozen in winter. There were also comical situations because often the ice in the pond in the park knew how to crack and there were unforeseen baths, but still hockey was played and as such, the hockey players in Skopje were assisted by the Skopje Sports Union to train in Belgrade at the stadium. Tashmajan, for the first time in 1960, played in the first official tournament, some sort of qualification for the former Yugoslavia Championship. They played three matches, losing catastrophically which is understandable because they were playing on a normal rink, with a lightning rod, under electric light. They lost to Avala (Belgrade) 21: 0, Zagreb 17: 3 and Celje 13: 5.

For the past 50 years since the formation of the first ice hockey club there have been successes and failures, appearances not only in the Second but also in the First League of Yugoslavia, even foreign hockey players played for Skopje Makoteks: goalkeeper Andrei Chebar from Slovenia, Jebal, Metz and Miklosevich from then Czechoslovakia. Five players from Skopje also played for Bosnia from Sarajevo: Stradal, Zupevski, Zegac, Belov and V. Atanasovski, today veteran Giorgi Grcev plays for Basa from Czech Republic, Vlatko Atanasov played in the fourth league of France. There were also representatives from Macedonia in the former Yugoslavia: goalkeeper Sasko Cupovski was called up for the B selection, Giorgi Grcev and Vlatko Atanasov played in the youth team.

Kommentar veröffentlichen

0 Kommentare