Macedonia to play first national games in Ice Hockey this winter?

Novamakedonija announced that Macedonia maybe plays the first official friendly ice hockey games this winter versus Bosnia and Herzegovina. The president Nikola Tasev of the Macedonian Hockey Federation HFM said, four friendly games versus BiH are already agreed but the games are not scheduled so far. Per two games should be played in Sarajevo and in Skopje, possible dates for the games are December or January and March.
Macedonia so far does not fulfill the requirements to participate in official IIHF World-Championsships. There is no adequate ice arena, and so far no functioning domestic Macedonian ice hockey league has been organized. The first attempt for a Macedonian hockey league was last year but after some games the league collapsed - HFM announced that this year the league will be started and organized seriously,


Source - Novamakedonija LINK
Македонија во декември ќе дебитира против БиХ
Планирани се четири пријателски натпревари, по два во Скопје и во Сараево, но точните термини уште не се познати

Металург е тим-репрезентација
ХОКЕЈ НА МРАЗ - ДОГОВОРЕНИ СЕ ПРВИТЕ СРЕДБИ НА НАЦИОНАЛНИОТ ТИМ
Хокеарите на Металург лани го пробија мразот со настапите во Балканската лига (БХЛ), а годинава продолжуваат со уште позасилено темпо и, по првиот турнир во Софија, на своето конто веќе имаат три победи (колку и лани на сите средби). Покрај ова, Металург сезонава ќе дебитира и во Меѓународното инлајн-првенство (на ролери) на Хрватска, во кое на турнирите во Загреб ќе играат и 10 хрватски екипи и Партизан од Србија. Како логично продолжение на ваквите засилени хокеарски активности е најавата за одигрување и на првиот меч на репрезентацијата на Македонија.

- Договорени се четири пријателски натпревари со БиХ, по две во Скопје и во Сараево, но термините уште не се познати. Планот е првиот двомеч да се игра во декември или во јануари, а вториот во март, во зависност од тоа на кое лизгалиште ќе има мраз во март, во периодот кога Босанците ќе се подготвуваат за настап на Светското првенство (дивизија три - н.з). Засега договорени се само натпревари со БиХ, но бараме слободни термини за дуели со репрезентации што се со приближен квалитет со кој располага Македонија. Што се однесува до официјалните натпревари на репрезентацијата, Македонија засега не исполнува еден од трите услови, а тоа е затворена сала со минимум 500 места - вели претседателот на Хокарската федерација на Македонија (ХФМ), Никола Тасев.

Тој информира и тоа дека основата на репрезентацијата ќе ја сочинуваат хокеарите на Металург, засилени со уште неколку хокеари со македонски корени што наскоро ќе добијат македонско државјанство.
- Зад проектот Металург стои ХФМ, бидејќи тој е замислен како клуб-репрезентација во кој ќе играат најголемиот дел репрезентативци за да се уигруваат во текот на целата сезона  - вели Тасев, додавајќи оти Скопје ќе биде домаќин на турнирот во рамките на БХЛ-лигата на 13 и 14 декември и дека инсталирањето на ледената покривка на игралиштето во СЦ „Борис Трајковски“ треба да биде готово до 5-6 ноември.  

Kommentar veröffentlichen

0 Kommentare