Македонскиот шампион во хокеј на мраз, Металург со пораз ги започна настапите на „Суботица Куп 2017“, откако синоќа со пораз од 9-3 во првото коло загуби од српскиот прволигаш Војводина од Нови Сад.
Војводина, која инаку е еден од најдобрите клубови во Србија, заедно со Црвена Звезда и Партизан, беше за една класа подобар тим од „пиратите“ кои комплетно беа надиграни. Погодоците за Металург ги постигнаа Стефан Децковски, Давор Анастасов и Денис Садиковиќ.
Металург веќе денес со старт од 20.30 часот го игра вториот натпревар, а за противник го има домашниот тим Спартак.

0 Kommentare