Хокејарот со потекло од Егејска Македонија Стивен Стамкос ноќеска (1:30ч. по полноќ) ја отвара новата сезона на својот клуб во националната хокеј лига НХЛ против Дитроит Ред Вингс.
Стамкос влегува во неговата деветта сезона во НХЛ како член на Тамба Беј Лајтнинг.
Во април годинава Стивен страдаше од повреда и го пропушти плејоф-от се до последниот натпревар на неговиот тим. Во финалето на западните тимови, Стамкос го даде својот камбек во тек на лекување на својата повреда против Питсбург. Но тука и заврши сезоната на Тампа Беј, македонецот немоќен да даде импулс за пресврт и Питсбруг славеше над Тампа Беј.
Се очекува дека Стамкос целосно ја надмина повредата и дека пак ќе биде водечки играч на Тампа. Македонецот е капитен на тимот од 2014 година од кога Мартин Ст.Луис премина во Њу Јорк Ренџерс.
0 Kommentare