Плати 4.000 денари и направи си приватна забава на мраз

Зимата одамна почна, но надвор е вистинска пролет. Оние што можат да си дозволат финансиски отпатуваа или во наредниот период ќе посетат некој од скијачките центри во нашата држава или пак, во соседните земји за да уживаат во белите зимски спортови и да го вдишат чистиот планински воздух.


Сите кои, пак, останаа во Скопје и не го почувствуваа снегот на располагање ги имаат двете лизгалишта, едното во склопот на СЦ „Борис Трајковски", каде што од оваа сезона се лизга на вистински мраз и другото под Кале, ЦД „Клуб Маки", кое по ланската пауза годинава повторно се активира, пишува Вечер.
Лизгалиштето во Карпош до 19 часот работи со тренери за љубителите кои сакаат да научат уметничко лизгање и хокеј, а потоа е отворено за рекреативците. Она, пак, под Кале работи од 9.30 часот до 21.30ч. во работните денови и за викенд до 24 часот.
Неретко се случува скопјани да се одлучат да организираат и роденденски забави на лизгалиштата, велат менаџерите на двете лизгалишта. Иако постои можност за закуп на лизгалиштата, директорите велат дека за прославите најчесто се најавува само поголема група, но не се бара цел простор. За закуп на целото лизгалиште во СЦ „Борис Трајковски" цената е 4.000 денари.
На лизгалиштето под Кале, пак, велат дека немаат цена за негов закуп, иако порано го изнајмувале и тоа два пати и на поранешниот американски амбасадор во земјава, Лоренс Батлер, за божиќна прослава.
- Рекреативното лизгање моментално се наоѓа на половина сезона, а досега лизгалиштето го посетиле повеќе од 35 илјади граѓани. Објектот е достапен 12 месеци во годината, ледената површина ќе биде достапна до 15 април, а од 1 мај се до 15 ноември ќе биде поставена синтетичката подлога. Искрено, бев оптимист дека ќе успееме да оствариме резултат во овие зимски спортови, но факт е дека за развојот на хокејот сега сум песимист и сметам дека треба да се работи уште многу за да се постигне напредок и резултат. Додека, пак, кај уметничкото лизгање има оптимистички резултати, бидејќи волјата кај децата и кај возрасните е голема. Сите проекти претендираат дека за три години во уметничкото лизгање ќе произлезат кадри во интернационални рамки и Македонија за првпат ќе има претставници во овој спорт, потенцира директорот на Спортскиот центар „Борис Трајковски", Ратко Капушевски.
Цената на рекреативното лизгање на лизгалиштето во Карпош е 120 денари со вклучени лизгалки, тренинзите по хокеј и уметничко лизгање чинат 2.000 денари со вклучена основна опрема, лизгалки, кациги, стап за хокеј и пак.
На лизгалиштето под Кале цената за рекреативното лизгање е 200 денари, а со сопствени лизгалки, пак, се плаќа само влезница, која чини 100 денари. Лизгалиштето ќе биде отворено до крајот на февруари.


Google translate:

Pay 4,000 denars and have your own private ice party


Winter has long begun, but outside is a real spring. Those who can afford to travel or in the future will visit some of the ski resorts in our country or neighboring countries to enjoy white winter sports and breathe the fresh mountain air.

All those who stayed in Skopje and did not feel the snow available have two skating rinks, one within SC Boris Trajkovski, where this season there is real ice skating and the other under Kale, Club Maki CD. , which is reactivated after last year's break, writes Vecer.

The Karpos Skating Rink works with trainers for lovers who want to learn ice skating and hockey until 7 pm, and is then open to recreation. She works under Kale from 9:30 am to 9:30 pm. on weekdays and on weekends until 24:00.

It is often the case that Skopje residents decide to organize birthday parties on the rinks, say the managers of both rinks. Although it is possible to lease the skating rinks, executives say that celebrations usually only announce a larger group, but do not require full space. The price for the whole skating rink in SC "Boris Trajkovski" is 4,000 denars.

On the rink below Kale, however, they say they have no price for his lease, although they have twice rented it to former US ambassador to the country, Lawrence Butler, for a Christmas celebration.

- Recreational skating is currently half-season, and so far more than 35 thousand people have visited the skating rink. The facility is available 12 months a year, the ice surface will be available until April 15, and from May 1 until November 15 the synthetic base will be laid. Frankly, I was optimistic that we would succeed in these winter sports, but the fact is that for the development of hockey I am now pessimistic and I think there is a lot more work to be done to achieve progress and result. While skating has optimistic results, as the will of children and adults is great. All projects claim that in three years ice skating will result in staffing internationally and Macedonia for the first time will have representatives in this sport, emphasized the director of the Boris Trajkovski Sports Center, Ratko Kapusevski.

The cost of recreational skating on Karpos skating rink is 120 denars with included skates, hockey and ice skating trainings cost 2,000 denars including basic equipment, skates, helmets, hockey stick and more.

The price for recreational skating on the Kale skating rink is 200 denars, and with its own skates, only a ticket costs 100 denars. The rink will open by the end of February.

Kommentar veröffentlichen

0 Kommentare