В година и Македонија ќе влезе на светската хокеарска мапа?

Во репрезентацијата ќе играат хокеари од Македонија (ветерани и млади), потпомогнати од млади хокеари со македонски корени што живеат во странство, главно во Чешка и во Шведска, а првиот настап е можен во декември идната година


Првиот репрезентативен настап е можен во декември 2014
ХОКЕЈ - НАЈАВА ЗА ФОРМИРАЊЕ РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

Настапите на Металург во Балканската хокеарска лига (БАХЛ) се еден вид најава за формирање на првата репрезентација на Македонија во хокеј. Во неа ќе играат хокеари од Македонија, потпомогнати од млади хокеари со македонски корени што живеат во странство, главно во Чешка и во Шведска и кои играат во тамошните втори и трети лиги. Сега сме во фаза на нивно набљудување и селектирање, а битно ни е и дали тие се заинтересирани да го носат дресот со државниот грб, најавува претседателот на Хокеарската федерација на Македонија (ХФМ), Никола Тасев.

- Акцентот е ставен на играчи од Европа, бидејќи ангажирањето хокеари од Канада или од САД и нивно доаѓање во Македонија не можеме финансиски да го издржиме - вели Тасев.
Костурот на репрезентацијата ќе го сочинуваат поискусните, како Владимир Атанасов, кој, иако во поодминати години, сѐ уште е еден од најдобрите македонски хокеари, потоа младиот Стефан Децковски, па Американецот со македонски пасош Цветан Томовски и други, засилени со помладите хокеари од странство.

По пријателските средби, постојат шанси првите официјални настапи репрезентацијата на Македонија да ги има во декември 2014 година, во квалификациите за пласман во најслаборангираната Дивизија 3 за Светското првенство. Противници на Македонија би биле Грција и последнопласираните две селекции од Дивизијата 3, во која се Бугарија, Грузија, Хонгконг, Луксембург, Северна Кореја и Обединетите Арапски Емирати, кои ќе играат на турнирот во Луксембург, од 6 до 24 април 2014 година.

- Дали ќе настапиме во претквалификациите ќе зависи од процените дали имаме квалитетна репрезентација, па затоа не се оптоваруваме дали ќе играме следната 2014 или 2015 година. Побитно од ова за нас е развојот на хокејот во Македонија и затоа главниот акцент е ставен врз младите категории. Планираме да формираме и млада репрезентација до 18 години, затоа е ангажиран руски тренер што раководи со хокеарската школа во СЦ „Борис Трајковски“ и се надевам дека хокејот во Македонија пак ќе блесне како пред триесетина години, кога беше вистински спортски хит - рече Тасев.

Во план е зимава да се игра првото македонско првенство


Еден од условите за настап на македонската репрезентација на едно официјално светско натпреварување е и постоењето на регуларно домашно првенство со минимум четири екипи и затворено лизгалиште.
- Поради тоа планираме уште зимава да организираме лигашко натпреварување во кое ќе учествуваат Металург, помладите хокеари, потоа Скопје со ветерани, Вардар СЦБТ и Вардар Вингс, со хокеари-странци, по што, најдоцна до март или април 2014 година, ќе решиме дали ќе се пријавиме за настап во претквалификациите - изјави Тасев.

Google Translate

Macedonia to Enter World Hockey Map Next Year?


The team will play hockey players from Macedonia (veterans and youth), assisted by young hockey players with Macedonian roots living abroad, mainly in the Czech Republic and Sweden, and the first performance is due in December next year.

The first national appearance is possible in December 2014

HOCKEY - ANNOUNCEMENT FOR REPRESENTATION

Metalurg's performances in the Balkan Hockey League (BAHL) are a kind of announcement for the formation of Macedonia's first national hockey team. It will feature hockey players from Macedonia, aided by young hockey players with Macedonian roots living abroad, mainly in the Czech Republic and Sweden and playing in the second and third leagues there. We are now in the process of monitoring and selecting them, and we are concerned about whether they are interested in wearing the national coat of arms, announces the President of the Hockey Federation of Macedonia (HFM), Nikola Tasev.

"The emphasis is on European players because hockey players from Canada or the United States and their arrival in Macedonia cannot afford it," said Tasev.

The skeleton of the national team will be made up of the more experienced, such as Vladimir Atanasov, who, although in recent years, is still one of the best Macedonian hockey players, then the young Stefan Detskovski, and the American with a Macedonian passport Cvetan Tomovski and others, with younger hockey players.

After the friendly matches, there is a chance that the first official matches of the Macedonian national team will be in December 2014, in the qualifying placement in the least ranked Division 3 for the World Cup. Opposing Macedonia would be Greece and the last two divisions from Division 3, which include Bulgaria, Georgia, Hong Kong, Luxembourg, North Korea and the United Arab Emirates, who will play in the Luxembourg tournament from April 6 to 24, 2014.

- Whether we qualify for the qualifiers will depend on the assessment of whether we have a quality team, so we are not burdened whether we play next 2014 or 2015. More important for us is the development of hockey in Macedonia and that is why the main emphasis is on young players. We plan to form a young national team up to 18 years old, so it is hired Russian coach who heads the hockey school in SC "Boris Trajkovski" and I hope that the hockey in Macedonia will shine like thirty years ago, when it was a real sports hit - said Tasev.


It is planned to play the first Macedonian Championship this winter


One of the conditions for the Macedonian national team to compete in an official world competition is the existence of a regular domestic championship with a minimum of four teams and a closed rink.

- Therefore, we plan to organize a league competition this winter with Metalurg, the young hockey players, then Skopje with veterans, Vardar SCBT and Vardar Wings, with foreign hockey players, after which, until March or April 2014, we will decide whether we apply for the qualification - said Tasev.

Kommentar veröffentlichen

0 Kommentare