СЦ „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“ ГО СКРШИ МРАЗОТ ЗА ОВАА СЕЗОНА

Со одигрување на првиот натпревар од Турнирот во хокеј на мраз официјално беше отворена новата, комплетно опремена арена за хокеј на мраз што граѓаните ќе ја имаат на располагање наредните зими, единствено во спортскиот центар „Борис Трајковски“. Нашиот тим беше на лице место да сними малку хокеј во живо.



Турнирот првично беше закажан да стартува на 13ти ноември во чест на одбележувањето на денот на ослободувањето на Скопје, но поради технички причини беше поместен за еден ден. Вчера, на 14.11.2013 свечено беше отворена хокеј арената со одигрувањето на натрпреварот помеѓу ХК „Белкамнефт“ од Ижевск, Русија и ХК „Kaiserslautern Eagles“ од Кајзерслаутерн, Германија кој заврши 12:1 за Русите.

Аматерскиот хокеј турнир ќе трае до сабота, а останатите два клуба кој ќе земат учество се ХК „СССР“ од Москва, Русија и како домашни претставници се ХК „Вардар СЦБТ“ од Скопје. 

Со отварањето на новата арена се очекува популаризација на овој спорт кој е малку познат на наше тло. Школата за хокеј која веќе има база на млади дечиња сега ќе има можност да функционира во соодветни услови, а од Хокеј Федерацијата на Македонија се очекува дополнително да развие клубови доволни за формирање на лига и учество на меѓународни натпреварувања. 


Google translate:

SC "BORIS TRAJKOVSKI" HAS THE FREEZE FOR THIS SEASON


Playing the first game of the Ice Hockey Tournament officially opened the new, fully equipped ice hockey arena that citizens will have at their disposal next winter, only at the Boris Trajkovski Sports Center. Our team was on site to record some live hockey.

The tournament was originally scheduled to start on November 13th in honor of Skopje Liberation Day, but due to technical reasons it was postponed for a day. Yesterday, 14.11.2013, the hockey arena was officially opened with the match between FC Belkameneft from Izhevsk, Russia and Kaiserslautern Eagles FC from Kaiserslautern, Germany, which finished 12-1 for the Russians.

The amateur hockey tournament will last until Saturday, and the other two clubs that will take part are FC "USSR" from Moscow, Russia and as home representatives are FC "Vardar SCBT" from Skopje.

The opening of the new arena is expected to popularize this sport that is little known in our country. The hockey school, which already has a base for young children, will now be able to function in appropriate conditions, and the Hockey Federation of Macedonia is expected to further develop clubs sufficient to form a league and participate in international competitions.

Kommentar veröffentlichen

0 Kommentare