ХОКЕЈ НА РОЛЕРИ ВО „ПАРТЕНИЈ ЗОГРАФСКИ“


ЌЕ СЕ ВОВЕДУВА НОВА ДИСЦИПЛИНА KАKО ПИЛОТ-ПРОЕKТ

Ацо Миновски, директор на основното училиште, објасни дека ќе го адаптираат постојното ракометно игралиште, кое е со олимписки димензии, а ќе формираат и лиги

Нова спортска дисциплина хокеј на ролери, како пилот-проект, ќе се воведува во основното училиште „Партениј Зографски“ во Kисела Вода. Доколку за одреден период учениците покажат интерес и се покаже како успешен, тој за сигурно ќе се воведе и во останатите училишта на територијата на општината. Иницијативата вчера се најде на дневен ред и на Советот на Општината Kисела Вода. Се очекува иницијативата да биде поздравена, а овој спорт да заживее во јануари 2012 година. 

Ацо Миновски, директор на училиштето „Партениј Зографски“ објасни дека за новата дисциплина ќе го адаптираат постојното ракометно игралиште, кое е со олимписки димензии. Смета дека не се потребни многу средства за да се реализира вакво нешто, а и дека ќе наиде на интерес кај младите, кои секојдневно ролаат. За приспособувањето ќе бидат потребни од 15 до 20.000 евра и се надева дека проектот би се реализирал на почетокот на наредната година. Освен за хокеј на ролери, игралиштето и натаму ќе се користи и за останатите спортови: ракомет, одбојка, тенис и мал фудбал. 

- Подлогата на игралиштето сега е рапава, па ќе треба да се постави нов слој мазен асфалт. Околу игралиштето поставиме и ниска заштитна ограда, а од едната страна на игралиштето трибини за 500 гледачи, гардероба за учесниците и висока заштитна мрежа - објасни директорот Миновски. 

Информираше дека со воведувањето на новата спортска дисциплина, веднаш ќе се формираат училишни екипи, а потоа и ќе се организираат натпревари.

Околу финансиите, училиштето нема доволно средства, па ќе бара помош како од Општината, Агенцијата за млади и спорт и од Хокеарската федерација на Македонија. Миновски рече дека веќе склучиле спогодба со федерацијата за заемна соработка, а позитивен одговор за реализација на ова барање добиле и од Агенцијата за млади и спорт. Хокеарската федерација се очекува да ја обезбеди опремата за новата спортска дисциплина, односно палките и ролерите. (А.П.)


Google translate


Roller Hockey in "Partenij Zografski" school


New sports discipline will be introduced as pilot-project

Aco Minovski, principal of the elementary school, explained that they will adapt the existing Olympic handball playground and form leagues

A new roller hockey sport discipline, as a pilot project, will be introduced at Partenij Zografski Elementary School in Kisela Voda. If the pupils show interest and prove successful for a certain period, it will probably be introduced in the other schools in the municipality. The initiative was also on the agenda of the Kisela Voda Municipality Council yesterday. The initiative is expected to be welcomed, and the sport will come to life in January 2012.

Aco Minovski, Principal of Partenij Zografski School, explained that the existing discipline will be adapted for the new discipline, which has an Olympic dimension. He thinks that it does not take much money to do this, and that he will find interest in young people who are rolling around daily. The adjustment will require between 15 and 20,000 euros and it is hoped that the project will be implemented by the beginning of next year. Except for roller hockey, the playground will continue to be used for other sports: handball, volleyball, tennis and soccer.

- The playground surface is now rough, so a new layer of smooth asphalt will need to be laid. We also have a low fence around the playground, and on the one side of the playground stands 500 spectators, a wardrobe for participants and a high safety net - explained Director Minovski.

He informed that with the introduction of the new sports discipline, school teams would be formed immediately, and then competitions would be organized.

In terms of finances, the school does not have sufficient funds, so it will seek assistance from both the Municipality, the Agency for Youth and Sport and the Jockey Federation of Macedonia. Minovski said they had already signed an agreement with the Federation for Mutual Cooperation, and received a positive response from the Agency for Youth and Sport. The hockey federation is expected to provide equipment for the new sport discipline, namely batons and roller skates.

Kommentar veröffentlichen

0 Kommentare