АКВА-ПАРК ЛЕТЕ, ЛИЗГАЛИШТЕ ЗИМЕ

СРЦ „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“ НАЈАВУВА ИЗГРАДБА НА ТУРИСТИЧКА АТРАКЦИЈА
АКВА-ПАРК ЛЕТЕ, ЛИЗГАЛИШТЕ ЗИМЕ

Планирано е водениот парк со четири отворени базени да се гради на празната локација од 6.500 квадратни метри кај базенот „Младост“ и салата „Борис Трајковски“

Јавното претпријатие „Борис Трајковски“ ќе гради забавен воден парк, а инвестицијата ќе се реализира само ако Општината Карпош биде расположена да нацрта градежна маркичка за ваква содржина во урбанистичкиот план. Планирано е тој да се гради на празната локација од 6.500 квадратни метри кај базенот „Младост“ и салата „Борис Трајковски“ во населбата Карпош 4. Директорот на спортскиот центар Ратко Капушевски е уверен дека по изградбата, оваа државна инвестиција ќе претставува туристичка атракција.

Четири отворени базени

Според замислата, аква-паркот би располагал со четири отворени базени со различни димензии и со други содржини за забава на вода. Надлежните објаснија дека базените лете би служеле за капење, додека зиме еден или два од нив би биле претворени во лизгалишта.

- Планираме изградба на градски аква-парк доколку наидеме на волја и желба од страна на градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакомовски да го внесе во детаљниот урбанистички план. Изградбата на овој парк би траела не повеќе од две-три години - изјави директорот Ратко Капушевски. 

Очекувањата се тој да биде готов до 2015 година, но засега тоа е само желба. 

Според Генералниот урбанистички план, локацијата е наменета за паркинг. Во моментов од претпријатието ја комплетираат документацијата за овој проект, а потоа во Општината ќе побараат измена на урбанистичкиот план.

Имајќи го предвид досегашниот однос меѓу локалната и државната власт и анимозитетот по многу прашања, останува нејасно дали градоначалникот Јакимовски ќе има добра волја да соработува со власта по ова прашање. Од СРЦ „Борис Трајковски“ велат дека Јакимовски им ветил поддршка. 

И Јакимовски би го градел

Од кабинетот на градоначалникот не одговорија дали ќе направат измена на урбанистичкиот план. Наместо тоа, само рекоа дека Јакимовски изразил желба наместо државното претпријатие, Општината Карпош да го добие земјиштето.

- Доколку Владата го даде земјиштето на Карпош, сами ќе градиме аква-парк - вели градоначалникот. 

Во моментов раководството од „Борис Трајковски“ прибира документација за да поднесе барање до Министерството за транспорт и врски за одземање на корисничкото право на постојниот субјект и земање на земјиштето под свое, на долготраен закуп. 

- Овој проект е на Владата на Македонија, но не е исклучена можноста и да оди во форма на јавно-приватно партнерство. При создавање на сите локациски услови за изградба, до добивање за одобрение на градба ќе се разгледаат сите можности за пронаоѓање потенцијален инвеститор, односно јавен партнер. Во моментов се работи на нумеричките податоци на парцелата. Потоа ќе формираме иницијатива за промена на детаљниот план, кој е во фаза на изготвување. Градоначалникот на Општина Карпош ни вети дека ќе го вметне во планот - изјави директорот Капушевски. 

Како што е познато, аква-парк треба да се гради и на територијата на Аеродром, во близина на салата „Јане Сандански“, но како приватна инвестиција. Така барем е зацртано во планот, а дали и кога ќе се реализира, останува да покаже времето.


Google Translate:

Aqua park in summer - Hockey rink in winter


SRC "BORIS TRAJKOVSKI" ANNOUNCES CONSTRUCTION OF TOURIST ATTRACTION

AQUA-PARK SUMMER, SILVER WATER

It is planned to build a water park with four outdoor pools at an empty location of 6,500 square meters near Mladost Pool and Boris Trajkovski Hall.

The Boris Trajkovski Public Enterprise will build an amusement park, and the investment will only be realized if the Karpos Municipality is willing to draw a construction stamp for such content in the urban plan. It is planned to build on an empty 6,500-square-foot site near the Mladost pool and the Boris Trajkovski gym in Karposh 4. The director of the sports center Ratko Kapusevski is confident that after the construction, this state-owned investment will be a tourist attraction.

Four outdoor swimming pools

Ideally, the aqua park would have four outdoor swimming pools of different dimensions and other water entertainment features. Authorities explained that summer pools would be used for bathing, while in winter one or two of them would be turned into skates.

- We plan to build a city aqua park if we find the will and desire of Karpos Municipality Mayor Stevco Jakomovski to include it in the detailed urban plan. The construction of this park would take no more than two or three years - said director Ratko Kapusevski.

Expectations are for it to be ready by 2015, but for now it's only a wish.

According to the General Urban Plan, the location is intended for parking. The company is currently completing the documentation for this project and will then request an amendment to the town plan.

Given the current relationship between local and state government and the animosity on many issues, it remains unclear whether Mayor Jakimovski will have the good will to cooperate with the government on this issue. SRC "Boris Trajkovski" says Jakimovski promised them support.

Jakimovski would build it too

The mayor's office did not say whether they would change the urban plan. Instead, they only said that Jakimovski had expressed a desire for the Karpos Municipality to acquire the land instead of the state-owned company.

"If the government gives Karpos land, we will build an aqua park on our own," the mayor said.

Currently the management of "Boris Trajkovski" is collecting documentation to submit a request to the Ministry of Transport and Communications to revoke the existing entity's user rights and take the land under its own lease.

- This project belongs to the Government of Macedonia, but it is not excluded the possibility to go in the form of public-private partnership. When creating all site conditions for construction, all options for finding a potential investor or public partner will be considered until obtaining a construction permit. Numerical data on the plot is currently being worked on. We will then form an initiative to change the detailed plan, which is being prepared. The Mayor of Karposh promised us to include it in the plan - said the director Kapushevski.

As it is known, aqua park should be built on the territory of Aerodrom, near the Jane Sandanski Hall, but as a private investment. That is how it is at least outlined in the plan, and whether and when it will be realized remains to be seen.

Kommentar veröffentlichen

0 Kommentare